Белгиско топло чоколадо со цимет

Нема ништо поубаво во долгите и ладни зимски ноќи, од чаша вкусно и кремасто, топло чоколадо. Па, за да се засладите и уживате во ладните зимски денови, ви претставуваме рецепт за белгиско топло чоколадо со цимет, кое сигурни сме дека ќе им се допадне на целото семејство.  

Од наведените состојки ќе добиете околу 4 големи чаши топло чоколадо. А доколку дозата ви е преголема, слободно намалете ги состојките. А доколку ви остане мал дел ставете го во фрижидерот и искористете го наредниот ден. Пред употреба само загрејте го и повторно можете да уживате во богатиот вкус на топлото, кремасто чоколадо.

белгиско топло чоколадо

Состојки:

  • 1 литар млеко
  • 230 грама темно чоколадо
  • 120 грама млечно чоколадо
  • ½ лажичка цимет.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган, на умерена температура ставете го млекото да се загрее.
  2. Во загреаното млеко додајте го чоколадото искршено на коцки.
  3. Со помош на лажица мешајте ја додека се растопи чоколадото.
  4. На крај, додајте го циметот.
  5. По желба, со помош на рачен блендер измиксирајте го топлото чоколадо се додека добиете мазна и хомогена смеса.
  6. Топлото чоколадо ставете го во чаши и послужете го веднаш, прелиено со шлаг и поросено со сечкани лешници и чоколадни трошки.

Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за највкусното домашно топло чоколадо.

Сподели: