болка во коленото

Болка во коленото – како да ја надминете брзо и природно

Артроза на коленото припаѓа во најчестите заболувања на зглобовите, а при тоа доаѓа до оштетување на рскавицата на коленото. Најчестите симптоми се постојана болка во коленото и ограничено движење. Штом имате болка во коленото најдобро е да посетите ортопед, затоа што навремената терапија може да ја спречи и олесни болеста.

Занимливо е тоа што болката во коленото не се јавува само кај постарата популација. И младите може да ја почувствуваат, а обично станува збор за болка во предниот дел на коленото. Таа најчесто е предизвикана од начинот на живот, како и различните спортови.

За почеток добро е да избегнувате одење по ридови, клечење и одење по нерамен терен. Решение за болката може да побарате и на физикална терапија. Ако наведените начини немаат резултати, тогаш добро е да посетите ортопед.

При појавата на болка во коленото, најпрво се фокусираме за намалување на истата, но важно е да се води смета и да се пронајди причина за тој проблем. Алтернативната медицина во последно време зазема со поголем замав, а покажува и добри резултати.

болка во колено

Облога која помага при болки во коленото

Многу луѓе кои помош бараат во алтернативната медицина имаат добри резултати. Болката во коленото најчесто укажува дека циркулацијата е лоша и не функционира најдобро. Пробајте да ја подобрите циркулацијата и со тоа ќе ги спречите проблемите кои може дополнително да настанат.

Исто така може да направите облога која помага при болки (артририс или чувствителност на временски промени). За тоа потребно ќе ви биде:

  • 1 лажица сол
  • 1 чаша вода
  • 2 капки јод.

Измешајте ги состојките, а потоа натопете мека крпа. Крпата поставете ја на болното колено. Одозгора ставете најлонска фолија, а исто така може врз неа да ставите друга затоплена крпа или ќебе. Оставете да делува најмалку 30 минути, а по потреба и подолго. Оваа облога правете ја секојдневно пред спиење и за неколку денови ќе забележите подобрување.

Ви предлагаме да прочитате: Желатин – природен лек за намалување на болките во половината.

Сподели: