Брза есенска тава – гриловани колбаси со зеленчук

Се прашуваш што вкусно да зготвиш денес? – Ако ти треба идеја за денешниот ручек имаме одличен предлог за брза есенска тава богата со зеленчуци, која изобилува со бои и вкусови. А штом ја направите и пробате не заборавајте да ни пишете во групата на Сѐ за храна како ви се допадна.

Она што ви е потребно за подготовка на оваа брза есенска тава е малку слободно време и квалитетни намирници. Посетете ги месарниците на Агриа и набавете колбаси од македонско производство. Во нивната палета ќе најдете скараџиски, селски, домашни, барени колбаси, како и различни месни преработки. А за сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.

Брза есенска тава - гриловани колбаси со зеленчук

Состојки:

  • 1 тиквичка
  • 1 модар патлиџан
  • 1 главица кромид
  • 2 пиперки
  • 2-3 ситно сечкани чешниња лук
  • малку сечкан магдонос
  • сол и црн пипер по вкус
  • масло по потреба
  • ароматичи зачини по вкус (рузмарин по желба)
  • 6-8 колбаси по желба од Агриа.

Подготовка:

  1. Тиквичката, модриот патлиџан и пиперките убаво измијте ги и исекајте ги на покрупни парчиња како за помфрит.
  2. Кромидот исчистете го и насечете го на крупни кришки, а пиперките насечкајте ги на покрупни кругови.
  3. Во грил тава на малку масло запржете го зеленчукот. При крајот додајте го лукот и магдоносот.
  4. Зачинете со сол и црн пипер по вкус и по желба додајте прстофат рузмарин. Прилогот е готов и може да го тргнете за во истата тава да ги запржете колбасите.
  5. Запржете ги колбасите од двете страни со повремено вртење, додека добијат убава боја.
  6. Сервирајте ги со претходно припремениот прилог од зеленчук и послужете ги. На здравје!
гриловани колбаси

Совет плус:

  1. Ако сакате зеленчуковиот прилог да го добие мирисот на колбасите, во грил тавата прво ставете ги колбасите, а потоа во мрсното кое го испуштиле, запржете го и зеленчукот.

Ви препорачуваме да прочитате: Полски сендвичи со колбаси.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан рецепт.

Сподели: