брза пита со јаболка и цимет

Брза кремаста пита со јаболка и цимет

Мирис и вкус кој потсетува на топол дом и вкусен кремаст колач! Неодоливата комбинација на јаболка и цимет овој пат ја преточивме во лесен и брз рецепт за сладок десерт. Нема потреба од матење со миксер и само за неколку минути може да направите брза пита со јаболка и цимет. 

Во потрага сте по интересен рецепт со јаболка? – На вистинското место сте. Децата ќе го обожаваат, а и возрасните исто така. Кремастата структура и совршената арома на јаболка и цимет која потсетува на пудинг ќе ве маѓепсаат уште на првата лажичка. Пробајте и уверете се!

Состојки:

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ги растопениот путер, брашното, прашокот за печиво, млекото, јајцето и солта, и добро измешајте ги со жица за матење.
  2. Во друг сад изрендајте ги јаболката и измешајте ги со шеќерот, ванилиниот шеќер и циметот. Ако јаболката се благи, намалете ја количината на шеќер. Вака подготвените јаболка ставете ги во микробранова печка на средна температура околу 5 минути за да омекнат. Јаболката можете и да ги динстувате во сад на оган. Оставете ги кратко да се изладат, а потоа изблендирајте ги со бленедер и додајте ги во смесата со млеко и брашно. Убаво измешајте за да се изедначат сите состојки.
  3. Подготвената смеса ставете ја во сад за печење (големина 24) или во повеќе помали садови. По желба декорирајте ја со листови бадеми.
  4. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути или додека порумени.
  5. Готовата крем пита од јаболка послужете ја со шеќер во прав или топка сладолед од ванила и препуштете му се на уживањето. На здравје!

Совет плус:

  • Питата има кремаста структура која потсетува на пудинг. Најдобро е да ја испечете во повеќе мали садови и да ја послужите во нив.

Ви препорачуваме да прочитате: Крем пита со пудинг.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: