Оваа крем салата од целер е многу брза и лесна за подготовка, а може да се послужи со било кое јадење. Одлично годи како лесна вечера со некое парче печен тост леб. Добра е и за мезење, ние проверивме, друштвото ја одобри!
Има голем број причини кои потврдуваат дека е здраво да консумирате целер секој ден. Стеблото на целерот често се консумира како сурова грицка од зеленчук, а тоа дополнително троши калории повеќе отколку што има во самото стебло. Високиот процент на вода го прави целерот идеална намирница во летниот период, која на телото му овозможува доволно течност, а со оглед на тоа што е „сиромашен“ со калории, претставува соодветна храна за сите кои сакаат да намалат вишок на килограми. Повеќе за него може да прочитате тука.
Рецептот ни доаѓа од кујната на Лана.

Состојки:
- 1 корен целер
- 200 мл павлака
- свежо цеден сок од 1/2 лимон
- малку сол по вкус.
Подготовка:
- Целерот прво измијте го и излупете го, а потоа ситно изрендајте го.
- Попрскајте го со малку свежо цеден лимонов сок за да не потемни и посолете по вкус.
- Додајте ја киселата павлака и убаво измешајте. До сервирање чувајте ја во фрижидер. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Бела салата со печурки и краставици.