Бела салата со печурки и краставици 1

Бела салата со печурки и краставици

Оваа е еден брзински, а ефектен рецепт. Станува збор за ладна салата со печурки, која одлично се вклопува во свечените трпези, а и секојдневно. Многу убаво се комбинира со тостиран и топол леб, а се јаде и посебно.  

Нашата пријателка Лана постојано објавува нови и вкусни рецепти, а ние со задоволство ги споделуваме. Знаеме дека се вкусни и испробани, па препорачуваме да ја пробате и оваа салата!

Може да ве интересира: Крем салата со тартар сос и печурки.

Бела салата со печурки и краставици 2

Состојки:

  • 400 гр шампињони
  • 1 главица кромид
  • 2 лажици маслиново масло
  • 20 гр путер
  • 2 чешниња лук
  • сол и црн пипер по вкус
  • 200 мл кисела павлака
  • зелени зачини по вкус за додаток
  • 2 поголеми краставици.

Подготовка:

  1. Шампињоните исчистете ги (најдобро со помош на сув сунѓер или четкичка, без миење) и тенко исечете ги .
  2. Кромидот исчистете го и исечете го на коцки. Во загреано масло пропржете го кромидот и малку посолете. Пржете на умерена температура, додека стане стаклест и провиѕирен.
  3. Додајте го и лукот и тоа пржете го несечкан, туку во чешне.
  4. Додајте ги шампињоните, зачините и продолжете со пржење.
  5. Кога целата течност ќе испари, а печурките се готови, тргнете ја тавата од оган, отстранете го чешнете лук и оставете да се излади содржината.
  6. За тоа време исечете ги краставиците на ситни коцки, а зелените зачини исто така.
  7. Во сад ставете ја киселата павлака, па додајте ги претходно исечканите краставици и зелените зачини. Промешајте за смесата да се соедини.
  8. На крај, додајте ги и пропржените печурки (исцедени од течност или можен вишок на масло). По потреба и желба додајте уште сол или зачини. Послужете ладно и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Салата од печурки и телешко.

Сподели: