Лесно направете крем супа од карфиол и праз! Сѐ што ви треба се неколку состојки и малку време за да подготвите супер вкусно и хранливо предјадење за целото семејство. Во оваа супа ќе уживаат сите, па дури и оние кои не обожаваат карфиол.
Карфиолот, во комбинација со праз и лук, дава здрава оброк богат со хранливи материи потребни за организмот. Со консумирање на оваа супа, во телото ќе внесете пребиотици, растителни влакна, глукозинолати, витамини Ц, К и Б6 и омега 3 масни киселини.

Состојки:
- 1 карфиол
- 4 лажици маслиново масло
- 2 страка праз
- 2 чешниња лук
- 1/3 чаша вода
- 200 – 300 мл млеко
- 1 мала лажичка куркума
- 1 мала лажичка црн бибер
- 1/2 мала лажичка хималајска сол.
Подготовка:
- Карфиолот измијте го, остранете ги листовите и исечете го на мали парчиња. Ставете го во подлабок сад и додајте 2 лажици маслиново масло. Измешајте.
- Исечениот карфиол распоредете го во плех обложен со хартија за печење. Печете во претходно загреана рерна на 210 степени, околу 15 минути.
- Празот убаво измијте го, исчистете го и исечете го на тенки резанки. И лукот исчистете го и ситно исечкајте го.
- На рингла на средна температура ставете тенџере со преостанатите 2 лажици маслиново масло. Кога маслото ќе се загрее, додајте го празот. Динстувајте околу 5 минути, со повремено мешање. Додајте го лукот и продолжете со динстување уште неколку минути.
- Во тенџерето додајте ги запечениот карфиол, водата, млекото и зачините. Намалете ја ринглата и оставете ја супата полека да зоврива додека да омекне карфиолот.
- Откако ќе омекне карфиолот, супата оставете ја да се излади. Изблендирајте ја убаво за да се добие кремаста хомогена смеса.
- Готовата кремаста супа од карфиол сервирајте ја во длабок сад. Декорирајте со крукчиња праз или свеж магдонос.
Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за домашна супа за силен имунитет.