Кога ќе дојде време за припрема на слава, секој од нас сака да ги почести своите гости со најубави и највкусни мезиња и јадења. А, мора да спомнеме дека скоро сите ние, секоја година ги повторуваме неколкуте испробани рецепти кои ги знаеме, а желбата да се припреми и послужи нешто ново вкусно е секогаш тука. Ви препорачуваме да ја пробате оваа испробана и брза посна салата, која со години се практикува во фамилијата!
Составот може да ви личи несекојдневен, но ве уверуваме дека сите состојки потполно се вклопуваат и надополнуваат една со друга. Вреди да ја пробате!

Состојки:
- 300 грама ситни макарони
- 300 грама златна мешавина
- 1 конзерва туна во парчиња (180-200 грама)
- 200-250 грама зелени јаболка (две средно големи)
- свежо цеден сок од 1 лимон
- сол по вкус
- ладно цедено сончогледово масло од Фила по вкус
- по желба неколку ливчиња салатка за декоративно сервирање.
Подготовка:
- Најпрво ставете ги макароните да се варат. Варењето може да биде спрема упатството на паковањето или како што вообичаено ги варите. Препорачливо е да се сварени „ал денте“, односно да не се претерано меки. Исплакнете ги со ладна вода и оставете ги добро да се доцедат.
- Златната мешавина ставете ја во вода која врие и варете ја околу 10 минути, па добро исцедете ја.
- Лимонот измијте го, а потоа пресечете го на половина и исцедете ја прво едната половина.
- Зелените јаболка измијте ги, но не лупете ги. Пресечете ги на половина и исчистете ги од семките. Потоа секоја од половинките исечкајте ја на кришки, а кришките исечете ги попречно за да добиете мали парчиња со интересна форма и декоративен изглед од зелената кора.
- Така припремените јаболка веднаш потурете ги со претходно цедениот сок од лимонот, а добро e и да ги промешате за да се зачува нивната боја и да не потемнат.
- Потоа, исцедете ја и втората половина од лимонот.
- Припремете ја туната така што малку ќе ја отворите конзервата, добро ќе ја процедите и потоа ќе ја отворите целосно.
- Во поголем сад измешајте ги сите состојки и зачинете со сол, неколку лажици ладноцедено масло сончогледово масло од Фила по ваш вкус и преостанатиот лимонов сок. Измешајте и пробајте, а по потреба додајте уште малку сол и од ладноцеденото сончогледово масло. Послужете ја и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Како се употребува и за што е корисно ладно цеденото сончогледово масло?
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.