Брзи мафини со сечкано чоколадо 1

Брзи мафини со сечкано чоколадо

Има разни рецепти за подготовка на десерти од ваков тип, но не сите се едноставни лесни и брзи како што е овој за нашите превкусни брзи мафини со сечкано чоколадо.

Во случај да сакате да си направите мафини, а се придржувате до одреден режим на исхрана кој се држи до што помалку калории, повелете соодветен рецепт за чоколадни мафини без брашно и без глутен. Но, да се вратиме на нашиот брз и лесен рецепт за мафини кој е предлог на одличната Невена, еве како да ги направите!

Брзи мафини со сечкано чоколадо 2

Состојки:

За 7 мафини:

  • 120 мл млеко
  • 90 гр путер (омекнат на собна температура)
  • 200 гр брашно
  • 50 гр сечкано чоколадо за готвење
  • 2 ќесички ванилин шеќер
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • 1/2 лажиче сода бикарбона
  • 2 јајца
  • 110 гр шеќер.

Подготовка:

  1. Во сад за матење се ставаат јајцата и млекото и се матат со помош на вилушка.
  2. Во друг сад со миксер се матат путерот, шеќерот и ванилиниот шеќер за да се добие изедначена смеса.
  3. Се додаваат претходно изматените јајца и млеко, па се продолжува со матење за убаво да се соединат состојките.
  4. Потоа се додаваат брашното, печивото, содата и сечканото чоколадо и со најмала брзина на миксерот кратко се меша.
  5. Се полнат калапите обложени со хартиени кошнички и во секој се ставаат по неколу коцки сечкано чоколадо.
  6. Чоколадните брзи мафини се печат на 180 степени за време од околу 20-25 минути.
  7. Се исклучува рерната, а мафините се оставаат уште 5 минути во неа.
  8. Оставете ги да изладат и послужете ги.

На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви предлагаме да прочитате: Чоколадни мафини со ореви.

Сподели: