Брзи овесни палачинки со спанаќ

Кој е за супер вкусен и здрав оброк? – Ако и вие обожавате палачинки, ова е вистинскиот рецепт за вас! Овесните палачинки со спанаќ се едни од најомилените во нашиот тим. Често ги приготвуваме во кујната на sezahrana.mk, а во оваа прилика го споделуваме рецептот со вас.

Богати се со хранливи материи, здрави се, вкусни и лесни за јадење. Се прават многу брзо, а се јадат уште побрзо. Ќе ги обожава цело семејство, а и цело друштво. За сите што сакаат да се хранат здраво, а постојано се во трчање, имаме добра вест! Вкусните палачинки со спанаќ се готови 10 – 15 минути, а може и да ги спакувате за на работа, на училиште, на факултет или пикник.

палачинки со спанаќ 2

Состојки:

  • 3 јајца
  • 1 чаша јогурт
  • 1 1/2 чаша овесни снегулки
  • прстофат хималајска сол
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • 1/2 чаша спанаќ
  • малку вода
  • маслиново масло.

Подготовка:

  1. Во блендер ставете ги сите состојки.
  2. Блендирајте додека да добиете изедначена и средно густа смеса.
  3. Ако смесата е многу густа, може да додадете уште малку вода.
  4. Тавчето намачкајте го со малку маслиново масло и загрејте го на средна температура.
  5. Со супена лажица земете од смесата и ставете во тавчето. Најчесто во тавчето собира 2 до 3 палачинки.
  6. Секоја палачинка печете ја околу 2 минути, или додека да се појават меурчиња.
  7. Постапката повторете ја со целата смеса.
  8. Може да ги комбинирате во блага или солена верзија, да декорирате со орев, мед, овошје, крем сирење, домат или зелена салата.

Совет плус: Доколку сакате поголеми палачинки, може да користите поголема рамна лажица.

Ви препорачуваме да прочитате: Здрави мини палачинки со капинки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: