Овие брзи посни бомбици со кокос се идеални кога ви се јаде нешто благо, а сакате да е здраво и да не губите многу време за подготовка, ниту да валкате садови. Нашиов рецепт ќе ве освои! – Ем ќе имате вкусен десерт кога и да посакате, ем кујната ќе ви биде чиста, а што е најважно, телото ќе ви биде благодарно за прекрасната енергија која се должи на избраните состојки!
Овие бомбици се прават од едноставни и лесно достапни состојки, кои обично сите ги имаме во своите домови. Плус тоа, многу се вкусни и се вклопуваат за разни поводи и пригоди.

Состојки:
- 100 г суви кајсии
- 30 г овесни снегулки
- 30 г кокос од Витаминка
- 1 лажица мед (по желба може јаворов сируп или сируп од агаве)
- 1 лажица чиа семе
- 1 мала лажичка кокосово масло.
Подготовка:
- Сувите кајсии прелијте ги со вода и оставете ги да отстојтат преку ноќ.
- Хидрираните кајсии исечкајте ги со помош на сечко.
- Потоа додајте ги овесните снегулки, кокосот, медот, чиа семето и кокосовото масло. Убаво измешајте со лажица за да се соединат состојките.
- Смесата оставете ја во фрижидер 15-20 минути. Откако смесата ќе се здрви, земајте по малку и формирајте топчиња со големина по ваша желба. Формираните бомбици веднаш валајте ги во поголема количина кокос во подлабок сад. Тоа е тоа, лесно и едноставно. Уживајте во светот на вкусовите!
Предлог плус од нас:
- Ако не постите и сакате да биде задоволството уште поголемо, во смесата за оформување на бомбиците додајте 20 г (2 реда) Синтагма какао крем за торти или Синтагма млечен крем за торти од Витаминка (по желба може и повеќе).
- Исто така, наместо кокос, за валање може да употребите рендани чоколадни трошки од какао кремот за торти или млечниот крем за торти на Витаминка. Бомбиците валајте ги во нив. А, ако сакате на на нив да има повеќе чоколадо, валајте ги подолго. По желба може половина од бомбиците да ги направите со какао кремот, а другата половина со млечениот крем за торти.
Ви препорачуваме да прочитате: Како да направите совршенo чоколаднo фонду?
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.