Ако обожавате ќофтиња од месо, сигурно ќе ви се допадне оваа идеја! Вака правеле нашите баби, па ако ви се случило да ви останат неколку ќофтенца од ручекот, многу брзо и лесно можете да направите ново јадење кое ќе им се допадне на сите дома. Овој прекрасен рецепт за ќофтиња во црвен ориз се прави традиционално во многу македонски краеви, а ние го најдовме припремен од нашата пријателка Лана, на нејзината страна Kuhinjica mignone.

Состојки:
- пржени ќофтиња од месо (доколку немате направете сами од смесата подолу)
- 2 филџани ориз
- 1 поголема главица кромид
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка ситна црвена пипер
- малку сок од домат или сечкан домат
- сечкан магдонос.
Смеса за ќофтиња:
- 200 гр мелено месо (свинско, пилешко, мешавина по избор)
- 1 поголемо парче бајат леб
- малку млеко или вода
- 1 јајце
- сол
- црн пипер
- малку брашно.
Подготовка:
- Најпрво припремете ја смесата за ќофтињата. Лебот натопете го со вода или млеко и исцедете го. Измешајте го меленото месо и лебот, а потоа додајте го и јајцето, посолете и наросете со црн пипер. Направете ги ќофтињата во тркалезна форма и нежно притиснете со рака. Посипете ги со брашно од двете страни за да добијат крцкава кора после пржењето.
- Кромидот исечете го на долги кришки или ситни коцки и малку пропржете го.
- Додајте го исчистениот и измиен ориз и турете 2 шолји вода. Посолете по вкус и варете 10-тина минути додека оризот не биде до половина готов.
- Додајте ја ситната црвена пипер и малку сок од домат (или ситно сечкан домат).
- Претходно припремените ќофтиња од месо, наредете ги во оризот и ставете го јадењето да се печи на 180-200 степени околу 15-20 минути или додека испари скоро целата течност. Сервирајте декорирано со малку свеж и сечкан магдонос. На здравје!