Направете совршено вкусен и брз болоњезе врап! Наместо да купувате готова брза храна, овозможете си нутритивно балансиран оброк кој ќе ве држи сити со часови и полни со енергија!
Ако сакате да биде оброк за носење, спаковајте ги состојките одделно и завиткајте ja тортилјата пред јадење. Испробано ми е, со ваквата подготовка ќе уживате потполно во свежината на јадењето, како штотуку направено! – срдечно споделува Катерина од нашиот тим.

Состојки:
*2 лица
За подготовка на месо:
- 2 лажици масло
- 2 лажици сечкан лук
- 500 г мелено месо
- 2 лажици вода
- 1 ќесичка Vegeta fant запечени тестенини болоњезе
- 2-3 лажици чили сос.
За бел сос:
- 180 мл кисела павлака
- 1 лажица лимонов сок
- 2-3 лажици млеко
- сол по вкус
- мелен црн бибер од Podravka по вкус
- лук во прав од Podravka по вкус.

За салата:
- ½ чаша црвена зелка
- 1 чаша покрупно сечкана салатка
- ½ чаша пченка од Podravka
- ½ чаша моркови исечени на тенки ленти
- ½ чаша црвен кромид исечен на полукругови
- 1 лажица лимонов сок
- ½ лажиче сол или по вкус
- ½ лажиче мелен црн бибер од Podravka
- Опционално: 4 пиперчиња феферони, сечкани или цели.
За сервирање:
- 4 тортилји
- по 2 лажици рендан кашкавал за секоја тортилја
- путер за потпекување на тортилјите.
Подготовка:
- Во тавче ставете го маслото. Откако ќе се загрее на средна температура, кратко запржете го лукот додека пушти арома. Додајте го меленото месо и пржете го со промешување на истата температура 10-12 минути, за месото да остане сочно. Додајте ја водата, па Vegeta fant ќесичката и убаво мешајте. На крај додајте го чили сосот, измешајте и тргнете ја тавата од ринглата.

- За белиот сос во сад измешајте ги сите состојки и ставете го во фрижидер. Убаво е да отстои половина до 1 час, за да се соединат вкусовите.
- Во поголем сад подгответе ја салатата од сите зеленчуци набројани во листата на состојки, а потоа зачинете ја со предложените зачини. Измешајте ја и спремна е.

- За сервирање ви е потребна рамна површина каде ќе ја поставите тортилјата. Прво распоредете во средината од белиот сос, така што ќе оставите барем по 3 см да се слободни за виткањето подоцна.
- Потоа, ставете 2 лажици од меленото месо и 2 лажици рендан кашкавал.

- Ставете од салатата и започнете со виткањето. Фатете ја тортилјата од две страни и со помош на прстите формирајте ролна.

- Во тавче намрсено со путер, на средно висока температура потпечете ја тортилјата од сите страни. Придржувајте ја со кујнска алатка и лесно притискајте ја за подобар ефект. Повторете ја постапката со останатите тортилји и на здравје!

Совети плус:
- Не претерувајте со количината на бел сос, тоа може да ја омекне тортилјата и да ви се кине при виткањето.
- Кашкавалот е важно да биде поставен помеѓу месото и салатата, за убаво да ги поврзи состојките при печењето.
- Не претерувајте со вкупната количина на состојки во тортилјата, затоа што може да ви „се отвори“ при печењето во тавчето.
Автор на рецептот: Катерина Шамбевска Спасеновска.
Автор на фотографиите: Симоне Калица.
Ви препорачуваме да прочитате: Брза мексиканска лазања.
*Спонзориран рецепт.