колач со овошје 1

Брз колач со овошје

Овошните колачи се лесни и свежи за јадење, па затоа ни се меѓу омилените. Тие ни се непресушен извор на инспирација за наоѓање и осмислување на нови рецепти. Во оваа прилика споделуваме со вас токму таков лесен и едноставен рецепт за брз колач со овошје кој се прави со намирници кои сите ги имаме дома.

Од лесно достапни состојки, направете си вкусен колач со овошје кој се топи во уста. Мек и воздушест, со сочно овошје, едноставно мора да се проба. Па, снабдете се со едно пакување овошен микс и фатете се за работа. Крајниот резултат е чисто уживање на сите сетила.

колач со овошје 2

Состојки:

  • 2 чаши брашно
  • 1 – 2 чаши замрзнат овошен микс Aretol од Слога
  • 1 чаша шеќер
  • ½ чаша масло
  • 1 чаша млеко
  • 2 јајца
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1 лажичка цимет по желба
  • шеќер во прав по потреба.

Подготовка:

  1. Во длабок сад со миксер пенeсто изматете ги јајцата со шеќерот. Додајте ги маслото и млекото. Добро измешајте за да се соединат сите состојки. Потоа додајте ги брашното, прашокот за печиво и циметот. Добро измешајте ја смесата со жица за матење.
  2. Калапот (20 * 20 см) обложете го со хартија за печење и во него ставете ја смесата за колачот.
  3. Овошјето поросете го со брашно со цел да не пропадне на дното на колачот и распоредете го во смесата.
  4. Вака подготвениот колач печете го во претходно загреана рерна на 180 степени, за време од 35 – 45 минути. Печениот колач поросете го со шеќер во прав и послужете го. На здравје!

Идеја плус:

За подготовка на овој вкусен и брз овошен колач, по желба може да користите и само еден вид на замрзнато овошје. Нашите пријатели Слога, покрај Aretol овошен микс, имаат и пакувања од само едно овошје како јагода, малина, вишна, капина и сливаПосетете ја веб страницата на Слога или Facebook фан страницата и дознајте повеќе за нив и нивните производи.

Ви препорачуваме да прочитате: Освежително смути од замрзнато овошје.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: