Брз мармалад од печени сливи во рерна 1

Брз мармалад од печени сливи во рерна

Овој лесен рецепт за брз мармалад од печени сливи му се допадна на секој кој слушна за него! Ние го практикуваме со години наназад, а разликата во последните години е што наместо со бел, го правиме со кафеав шеќер. Ем вкусно, ем многу поздраво.

Поедноставно здравје, од само 2 состојки. И сега, кога сезоната е на сливи е тука, сите може да си подготвиме вкусни залихи на мармалад од ова овошје. Како што спомнавме, наместо обичниот бел шеќер го користиме Демерара кафеавиот шеќер на Natura и топло препорачуваме да го пробате, зашто дава навистина супер вкус.

Брз мармалад од печени сливи во рерна 2

Состојки:

*По желба и за поинтензивен мирис на мармаладот, може да додадете и ванилин шеќер од Fantasia во количина по желба.

Подготовка:

  1. Сливите прво измијте ги, а потоа исушете ги. Тоа може да го направите со помош на чиста кујнска крпа или да ги оставите малку на постојат.
  2. Потоа, пресечете ги на половина и отстранете им ги семките.
  3. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 200 степени.
  4. Исчистените сливи измешајте ги со Демерара кафеавиот шеќер и ванилиниот шеќер ако одлучите да го додадете. Потоа ставете ги во длабока тава со капак, но бидете внимателни тавата да не биде пренатрупана со сливите бидејќи џемот ќе врие.
  5. Тавата поклопете ја со капакот и ставете ја на средината во рерната. Првите 30 минути чувајте ја поклопена, а потоа измешајте ги сливите и отстранете го капакот и оставете го мармаладот да се пече околу 2,5 часа. При тоа, повремено мешајте.
  6. Готовиот мармалад извадете го од рерната и ставете го во топли стерилизирани тегли (10-тина минути на 100 степени). Теглите затворете ги со капаци и вратете ги во топлата рерна уште 15 минути. Исклучете ја рерната и оставете ги да се изладат.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен компот од црни сливи со кафеав шеќер.

Сподели: