Направете домашен компот од црни сливи со кафеав шеќер! Освен вкусно, нека биде и поздраво. Спремни дочекајте ја зимата, ладните денови ќе бидат вистинско уживање.
Сезоната на сливите е сега, па подгответе вкусни залихи од ова овошје. Наместо обичниот бел шеќер користете го Демерара кафеавиот шеќер на Natura. Ние го користиме и за подготовка на мармалади и одлично се вклопува, испробано ни е.
Може да ве интересира: Торта без печење од готови кори.

Состојки:
- црни сливи во количина по желба
- по 3-4 лажици Демерара кафеав шеќер на секоја тегла
- вода по потреба.
Подготовка:
- Сливите добро измијте ги, пресечете ги на половина и отстранете им ги семките. Во секоја тегла (со стандардна големина) ставете црни сливи малку повеќе од половината, а потоа додајте по 3-4 лажици од Демерара кафеавиот шеќер.
- Во теглите во црни сливи дополнете вода, но оставете 1 до 2 см до отворот на теглата.
- Вака подготвените тегли свиткајте ги со хартија и наредете ги во шерпа или големо тенџере.
- Во шерпата налејте вода за да ги покрие теглите и приклучете го шпоретот на средна температура.
- Откако водата во тенџерето ќе зоврие, варете уште 10 минути на тивок оган. Потоа, оставете ги теглите во шерпата да се изладат преку ноќ.
- Наредниот ден, отстранете ја хартијата и слободно складирајте го компотот за зимата. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Брз мармалад од печени сливи во рерна.