Брз чоколаден колач со круши

Имаме нов рецепт за мек и сочен чоколаден колач со круши кој се приготвува брзо и од состојки кои најверојатно ги имате во кујната! – А што е најважно, овој колач може да го направи секој, без разлика на кулинарското искуство.

Највкусните круши ги има во есен, нели е така? Време е да ги искористиме и да ги направиме најсочните десерти. Убавото кај овој рецепт е тоа што може да го приготвите и со круши кои малку ја изгубиле сочноста и свежината, или почнале да се расипуваат. Плус тоа, ако обожавате десерти со јаболка, направете мала измена и слободно додајте го омиленото овошје во рецептов. Како и да е, гарантираме дека ќе ви се допадне!

брз чоколаден колач со круши

Состојки:

За глазура:

Подготовка:

  1. Во сад за матење, измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво, маслото, ванилиниот шеќер, водата, циметот и какаото.
  2. Јајцата изматете ги во друг сад и додајте ги во преостанатите состојки. Изматете со миксер додека се добие хомогена смеса.
  3. Калапот за печење премачкајте го со растопен путер или обложете го со хартија за печење. Во претходно обложениот калап ставете ја смесата за колачот.
  4. Крушите излупете ги, исечете ги на парчиња и наредете ги врз колачот. По желба, пред да ги наредите, може да ги потопите во смеса од ванилин шеќер и цимет.
  5. Вака подготвениот колач печете го во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 30-40 минути. За да проверите дали колачот е печен може да се послужите со дрвена чепкалка. Само боцнете ја во тестото и доколку чепкалката излезе сува, колачот е готов. Печениот колач оставете го да се излади.
  6. Чоколадото стопете го на пареа. Во растопеното чоколадо додајте го маслото и измешајте, па прелијте го колачот. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!

Ви препорачуваме да прочитате: Посно медено срце со овошје.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: