Убави за гледање, а уште поубави за јадење! Направете си кафенце, уживајте во друштвото и послужете ги со многу вкусни ванила мафини со чоколадни капки!
„Мммм перфектни! Многу комплименти… “- вели Невена, и додава „таква беше реакцијата на моите деца од првиот залак. Да си ги пробате, се надеваме и вас ќе ви се допаднат.“ Од оваа смеса ќе добиете 12 мафини.

Состојки:
- 125 гр путер омекнат на собна температура
- 130 гр шеќер
- 125 мл млеко на собна температура
- 2 средни јајца
- 250 гр брашно
- 2 лажички прашок за печиво
- 1 неполно лажиче сода бикарбона
- 1 ванилин шеќер
- 2 лажички екстракт од ванила
- 100 гр чоколадни капки.
Подготовка:
- Во калапот за мафини ставете хартиени кошнички.
- Брашното измешајте го со печивото, содата и просејте ги низ сито.
- Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени.
- Путерот пенесто изматете го со шеќерот и ванилиниот шеќер.
- Потоа, едно по едно додавајте ги јајцата, така што при секое додавање убаво изматете го претходното за да се соедини со смесата.
- Додајте го млекото и брашното со печивото и содата. Изматете да се соедини смесата.
- Исклучете го миксерот и додајте го екстрактот од ванила и 80 грама од чоколадните капки. Преостанатите 20 грама оставете ги за одозгора на мафините. Убаво измешајте со шпатула.
- Наполнете ги корпињата, а одозгора ставете по неколку од оставените чоколадни капки. Ставете ги да се печат во загреаната рерна за време од 20-25 минути.
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Брзи мафини со сечкано чоколадо.