Често читаме и слушаме како правилната и балансирана исхрана влијае на телесното здравје и превенција од хронични болети. Ама, дали сте знаеле дека храната има важна улога и во одредување на расположението? – Да, и тоа како! Протеините, витамините…, сите тие имаат посебна важност за менталното здравје на човекот.
Храната на расположението може да влијае и позитивно и негативно, а тоа зависи од начинот на исхрана. Недостатокот на одредени хранливи материи, небалансирана, еднолична и нередовна исхрана може да предизвикаат нерасположеност, па дури и раздразливост. Од друга страна пак, внесот на потребните нутриенти, правилната и редовна исхрана го подобруваат расположението.

Протеини за синтеза на хормонот на среќа – серотонин
Протеините се важен дел од правилната исхрана и имаат улога во расположението. Со внесот на храна која содржи протеини, се внесува аминокиселината триптофан. Триптофанот во организмот се претвора во серотонин кој уште се нарекува и хормон на среќата. Триптофанот го има во храна богата со протеини:
- живина
- јајца
- млеко и млечни производи
- јаткасти плодови
- мешунки.
Јаглехидратите даваат енергија
Јаглехидратите се главен извор на енергија за организмот и ја подобруваат концентрацијата. Мозокот користи околу 20% од енергијата која се внесува со јаглехидрати. При консумирањето на јаглехидрати, предност дајте им на житариците од цело зрно, овошјето, зеленчук и мешунките. Имајте на ум дека недоволно ниво на шеќер (глукоза) во крвта доведува до хипогликемија, слабост и умор.
Витамини и минерали против депресија и умор
Недостатокот на витамини и минерали предизвикува депресија, неможност за концентрација и хроничен умор. Исхраната која не обезбедува доволно железо може да предизвика промена на расположението и однесувањето. Витаминот Б6 е важен кофактор во процесот на претворба на триптофанот во серотонин, па неговиот недостаток може да биде причина за лошо расположение.
Магнезиумот го подобрува сонот, а квалитетниот сон значи расположена личност. Иако не е многу застапен во храната, магнезиумот може да се најде во:
- бадеми
- спанаќ
- авокадо
- семки од сончоглед и од тиква.
Бидејќи понекогаш преку исхраната не може да се обезбедат дневните потреби за магнезиум, потребно е истиот да се зема во вид на додаток во исхраната. Како таков, го препорачуваме NOW® Magnesium Malate. NOW® Magnesium Malate е комплетно активен минерален додаток. NOW® Magnesium Malate е производ погоден за вегетаријанци и вегани и не содржи ГМО.
И недостатокот на витамин Д се поврзува со депресија и промена на расположението. Сонцето, масната риба, црниот дроб и жолчката од јајце се одличен извор на витамин Д. Во организмот, витаминот Д се претвора во витамин Д3. Ако ви е потребен дополнителен внес на витамин Д, тогаш вистинскиот избор е NOW® Vitamin D-3. NOW® Vitamin D-3 го обезбедува овој клучен витамин во високо апсорблива течна форма, а е достапен во маслен раствор. Од маслениот раствор, може да изберите помеѓу Liquid Vitamin D-3 (може да се користи и за деца) и Extra Strength Liquid Vitamin D-3 (наменет за возрасни).
Омега 3 масните киселини ја подобруваат работата на мозокот
Од сите органи во човечкото тело, мозокот содржи најмногу масти. Речиси 2/3 од мозкот се масни киселини. Сите масни киселини се важни за правилна работа на мозок, а најважни се омега 3 мастите. Овие масти го зголемуваат нивото на два невротрансмитери – серотонинот кој е заслужен за добро расположение и ацетилхолинот важен за помнењето. Омега 3 масните киселини се важни за добро ментално здравје, ја намалуваат депресијата и ја подобруваат концентрацијата. Недоволниот внес може да доведе до лесно губење на вниманието и хиперактивност кај децата. Нека храната богата со омега 3 биде секојдневно во вашето мени. Обезбедете си омега 3 масни киселини преку консумирање на морска риба барем еднаш неделно. Овие масти ги има и во:
- чиа семе
- ленено семе
- морски плодови
- ореви
- јајце
- авокадо.
При потреба од дополнителен внес на омега 3, ви препорачуваме да ги земате во вид на концентрат од природно рибино масло. Концентратот од природно рибино масло на NOW е произведен под строги стандарди за контрола на квалитетот. Тестиран е дека не содржи штетни нивоа на загадувачи.

За да нарачате некој од производите на Тримекс, посетете ја нивната онлајн продавница, а истите ги има и во повеќето аптеки ширум земјата. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Ви препорачуваме да прочитате: Најдобрите начини и суплементи за контрола на стресот.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.