Здраво стареење

Водич за здраво стареење – совети од Д-р Нела Деспотовска за виталност и здравје после 60-тата година

Што претставува здраво стареење? Кој е клучот на долговечноста? Како да се остане здрав и витален и после 60-тата година? – Одговор на овие прашања побаравме од Д-р Нела Деспотовска.

Здравото стареење не само што го подобрува на животот, туку и помага во намалување на ризикот од хронични заболувања. Одржувањето на физичкото, менталното и емоционалното здравје во текот на подоцнежните години е од клучна важност за секој човек.

Здраво стареење

Што препорачувате за лицата над 60 години?

Редовната физичка активност, избалансираната исхрана богата со витамини и минерали и сонот се најважни навики кои мора да се практикуваат кај сите лица без разлика на возраста. Лицата во подоцнежните години мора да ги практикуваат советите:

Бидете физички активни

Физичката активност е основа за здраво стареење. Препорачливо е да се вклучат активности како што се пешачење, пливање или јога, кои помагаат во одржување на мускулната маса и флексибилноста.

Имајте балансирана исхрана

Балансираната исхрана, богата со овошје, зеленчук, цели зрна и протеини нека ви биде приоритет. Голем број на лица после 60-тата година имаат проблеми со покачен крвен притисок, покачен шеќер во крвта, па затоа важно е да се ограничи внесот на сол и додаден шеќер. 

Земајте додатоци во исхраната

Лицата над 60 години често имаат потреба од дополнителни нутриенти и суплементи за да го одржат своето здравје. За нив се препорачуваат:

Витамини и минерали – за енергија, здрави коски и правилна функција на метаболизмот

Витамин Д –  помага во одржување на здравјето на коските, важен е за имунитетот и може да има улога во намалувањето на ризикот од некои видови рак, вклучувајќи карцином на дојка. Се препорачува да го земаат сите лица во есенско-зимскиот период. Го препорачуваме витаминот Д од NOW кој е достапен:

Витамини од групата Б

Витамините како B6 и B12 се важни за метаболизмот и нервната функција, а недостатокот е чест кај постарите лица. Ги препорачуваме: 

  • Methyl B-12 – се препорачува кај лица и со анемија.
Metyl B-12

Калциум e важен е за здравјето на коските

Калциумот се препорачува кај постарите лица кои се подложни на остеопороза. Наша препорака – Calcium Citrate, кој во својот состав содржи и магнезиум, витамин Д-2, цинк, бакар и манган. 

Антиоксиданти – штитат од оксидативен стрес и го забавуваат стареењето

Витамините Ц (AlphaSorb – C)  и E (Sun-E) штитат од штетното дејство на слободните радикали. 

CoQ10 е моќен антиоксиданс кој природно го успорува процесот на стареење. 

Пребиотици и пробиотици – за правилна работа на дигестивниот систем

Овие додатоци помагаат во одржување на здравата цревна флора, која е важна за силен имунитет и општото здравје. Помагаат и за редовно празнење на цревата, ги намалуваат подуеноста, гасовите и грчевите во стомакот. Препорачуваме:

  • Inulin – пребиотик, кој помага да се одржи здравјето и функцијата на цревата.
Инулин

Важно: Пред да земете додатоци, консултирајте се со вашиот лекар за да утврди што е најдобро за вашето здравје. 

Одржувајте социјални врски

Одржувањето на социјални контакти и позитивни односи со семејството и пријателите може да помогне во намалување на стресот и подобрување на менталното здравје.

Поттикнувајте ментална стимулација

Вклучувањето во активности кои поттикнуваат ментална активност, како што се читање, учење нови вештини или хобија, помага во одржување на когнитивната функција. 

Намалете го стресот

Техниките за опуштање, како што се медитација или длабоко дишење, може да ви помогнат за намалување на стресот. 

Правете редовни медицински прегледи

Редовното посетување на лекар за превентивни прегледи може да помогне во раното откривање на потенцијални здравствени проблеми.

Препораки:

Повеќе информации за споменатите додатоци прочитајте на веб страницата на vitamini.mk, од каде што може да ги нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Може да те интересира: Д-р Нела Деспотовска советува: Здраво срце и крвни садови гарантираат долг животен век.

*Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: