Оваа убава идеја ни доаѓа од кујната на нашата пријателка Лана од блогот Кuhinjica Mignone. Таа ни кажа дека откако еднаш ќе го пробате неодоливиот вкус на врзани кифлички со сланина, ќе посакате што почесто да ги правите.
Од препорачаната доза ќе добиете 10-12 кифлички. Интересни се, ќе видите ќе им се допаднат на сите.

Состојки:
- 600 гр брашно
- 25 гр свеж квасец
- малку шеќер за квасецот
- 1 лажичка сол
- 70 мл масло
- околу 200 мл млеко или вода
- 2 лажици ајвар
- 10-12 ленти сланина, по потреба спрема бројот на кифлички.
Подготовка:
- Изматете го квасецот во половина шолја топло млеко со малку шеќер и брашно.
- Во подлабок сад измешајте го брашното со солта, па додајте го претходно припремениот квасец, маслото, ајварот, па со млако млеко или вода замесете меко тесто. Покријте го садот со фолија за да не фаќа кора и оставете го да одмори околу 20 минути.
- Тестото поделете го на 10-12 делови и обликувајте топчиња.
- Секое од топчињата истенчете го во вид на стапче, ставете по една лента од сланината и направете јазол.
- Во плехот наредете ги и оставете ги да одмараат уште малку додека се загрее рерната.
- Пред печење премачкајте ги кифличките со мешавина од масло и вода и печете на околу 200 степени за време од 30-тина минути.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашни кифлички – полжавчиња со ајвар.