Овојпат на ред се тиквичките кои ги има во изобилство скоро преку цела година, па добро би било да зготвиме нешто вкусно со нив. За денес ви предлагаме да си направите гратинирани тиквички со сирење. Едноставно, а многу вкусно!
Рецептот е од нашата пријателка Лана. Изберете го вашиот омилен ден за дружба со семејството или пријателите и направете го. Уживајте!

Состојки:
- 500 г помали тиквички
- 250 г сирење
- 3 јајца
- 50 г сирење
- 2 лажици брашно
- малку путер
- сoл
- црн пипер
- свеж зачин по желба
- рендан кашкавал за одозгора по потреба.
Подготовка:
- Излупете ги тиквичките и измелете ги или исечете ги на мали ленти/коцки.
- Потоа малку посолете ги и оставете ги 10-тина минути да отстојат за да се исцедат.
- За тоа време, скршете ги јајцата и изматете ги со виљушка, додадете изронето или рендано сирење, брашно, црн пипер и сечкан зелен зачин по желба.
- Тиквичките добро исцедете ги и соединете ги со претходно припремената смеса.
- Тавата намачкајте ја со малку масло и посипете ја со брашно. Наполнете ја со припремената смеса, но имајте предвид да остане малку простор, затоа што при пршењето волуменот ќе нарасне.
- Одозгора изрендајте малку кашкавал во количина по ваш вкус.
- Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Готовите гратинирани тиквички со сирење послужете ги топли и уживајте!
Ви препорачуваме да прочитате: Кремасти тестенини со тиквички.