пилешко киев

Гурмански специјалитет – пилешко Киев

Сакате да дегустирате специјалитети кои се популарни ширум светот? – Ако одговоривте со „Да“, одвојте малку време и прочитајте го рецептот за пилешко Киев. Овој специјалитет е популарен во Русија и Украина, а често се служи во рестораните и хотелите. Иако постапката за подготовка на прв поглед може да ви се чини малку покомплицирана, сепак вреди да го пробате овој рецепт и да си дозволите неверојатно гастрономско уживање. Овој рецепт особено ќе ги воодушеви обожавателите на лук, но и на оние кои сакаат богат кремаст вкус на путер.

Комбинацијата на пилешко месо со путер, лук и магдонос е неверојатна. Па, доколку имате замрзнати пилешки гради и сакате да пробате нешто поразлично, подгответе пилешко Киев.

пилешко киев

Состојки:

  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици сечкани свежи ливчиња магдонос
  • 6 лажици несолен путер
  • 4 парчиња пилешки стек од Слога со дебелина од ½ см
  • сол и црн пипер по вкус
  • 1 чаша брашно
  • 2 лажички сол
  • 2 јајца
  • 2 чаши лебни трошки
  • црвен пипер по вкус
  • 2 чаши масло за пржење или по потреба.

Подготовка:

  1. Убаво истолчете го лукот заедно со прстофат сол. Во садот додајте ситно сечкан магдонос и толчете додека целосно се соедини со лукот. Потоа додајте го и путерот. Толчете додека состојките се соединат. Зачинетиот путер завиткајте го во најлонска фолија и ставете го во фрижидер околу 15 минути.
  2. Потоа подгответе го пилешкиот стек. Најпрво зачинете го со сол и црн пипер. Секое парче месо завиткајте го во најлонска фолија и исчукајте го со чекан за месо. Потоа додајте половина од зачинетиот путер во средината на секое парче месо. Завиткајте го месото во форма на ролат околу путерот и убаво измазнете ги рабовите на месото. Вака ролованото месо завиткајте го во најлонска фолија, наредете го во чинија и ставете го во замрзнувач околу 30 минути.
  3. Помешајте го брашното со 2 лажички сол во длабок сад. Во друг сад изматете ги јајцата, а во трет сад ставете ги лебните трошки.
  4. Ролатите од пилешко месо извадете ги од замрзнувач и одвиткајте ги од најлонската фолија. Потоа извалкајте ги во садот со брашно, па во сместата со јајца и на крај извалкајте ги во лебните трошки. Вака похуваните топчиња наредете ги на чинија, покријте ги со најлонска фолија и ставете ги во замрзнувач околу 15 минути.
  5. Загрејте го маслото на околу 175 степени, а во меѓувреме загрејте ја рерната на 200 степени.
  6. Изладените ролати пржете ги кратко од двете страни додека поруменат лебните трошки. Потоа наредете ги во сад обложен со хартија за печење. Печете во претходно загреана рерна околу 15-17 минути.
  7. Печеното пилешко Киев оставете го да се излади околу 5 минути, наросете го со црвен пипер и сервирајте го по желба. На здравје!

Препорака од нас:

Кога станува збор за пилешко месо, наш избор се Слога. Долгогодишното искуство, квалитет и традиција ги прават производите на Слога задолжителен дел на секоја трпеза. Покрај пилешкиот стек, нивната палета нуди најразлични пилешки производи како пилешки копани без коскапилешки копан со наткопанпилепилешки краток копанпилешки дропчиња и пилешки желудник. Посетете ја нивната веб страница или Facebook фан страница и разгледајте подетално кои производи ги нудат!

Ви препорачуваме да прочитате: Пилешко Кордон блу.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: