Динстани моркови со зачини и маслинки 1

Динстани моркови со зачини и маслинки

Уживањето во зеленчукот може да биде неизмерно, а посебно кога знаеме добро да го подготвиме. Невена, како и обично споделува со нас лесен и креативен рецепт за динстани моркови кои се умешно зачинети и плус комбинирани со црни маслинки.

Вистинснко уживање од вкусови, а се вклопува во голем број комбинации! Може да ги сервирате на разни начини и тоа како додаток на печено месо, пржена риба, ќофтиња, засебен оброк и слично. Еве го рецептот!

Динстани моркови со зачини и маслинки 2

Состојки:

  • 400 гр моркови
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • 1 ловоров лист
  • 3 лажици црни маслинки без семки
  • 1 лажица сенф
  • 1/2 чаша бело вино
  • малку сол
  • малку пипер
  • 1 чаша вода.

Подготовка:

  1. Најпрво измијте ги и исчистете ги морковите, а потоа исечете ги на кругови.
  2. Така припремени, ставете ги во тава на оган, а истовремено додајте го и маслото, ситно сечканиот лук, ловоровиот лист и претходно исчистените црни маслинки од семките. Додајте го белото вино кое сте го промешале со сенфот, посолете по вкус, додајте малку црн пипер и на крај турете ја и водата.
  3. Морковите заедно со другите состојки, оставете ги да се динстаат околу 30 минути, а доколку има потреба додавајте уште вода. Доколку температурата не е доволно силна и сакате ад бидат помеки, оставете ги дополнително да се динстаат уште 10-тина минути. Кога се готови, сервирајте и на здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Посен прилог од зелка и моркови.

Сподели: