Превкусен домашен сок без конзерванси не штети никому! Со минимални количини на шеќер направете густи сок од кајсии за вистинско уживање со семејството.
Вкусните кајсии помагаат во одржувањето на здравиот вид, го подобруваат варењето на храната и сонот, одлични се за имунитетот и уште многу други функции на организмот. Па, сезоната на кајсии мора да се искористи, испробајте го овој едноставен рецепт за одличен сок. Кога е добро изладен, е вистинско освежување во врелите летни денови.
Состојки:
- 5 кг кајсии
- 3 литри вода
- 1/2 кг шеќер
- 1 екстракт со арома на ванила.
Подготовка:
- Кајсиите измијте ги и исчистете ги од семките.
- Измелете ги добро со машина за мелење на месо или мултипрактик.
- Додајте го шеќерот во водата. Поклопете го садот и оставете го да стои така преку ноќта.
- Сокот ставете го да се вари, а кога ќе зоврие треба да вари уште 10-тина минути. Во меѓувреме додајте го екстрактот од ванила. Од прилика, од 5 кг кајсии ќе добиете околу 7 литри сок.
- Шишињата измијте ги добро, па исушете ги во загреана рерна на 100 степени, за време од 15 минути, за да се стерилизираат.
- Сокот процедете го ако не сакате да има остатоци од парчињата овошјето. На крај, замотајте ги во ќебе и оставете да се излади за време на ноќта.
Ви препорачуваме да прочитате: Кајсии – здраво и вкусно кралско овошје.