Овој домашен доматен сос е совршен за тестенини, пица, њоки или лазања. Морковите му даваат свеж и сладникав вкус кој најчесто им недостасува на традиционалните сосови од домати. А што е најважно, морковите воопшто не се ни забележуваат и дефинитивно ќе ја почуствувате разликата која тие ја прават во вкусот. Сигурни сме дека ќе ви се допадне!
Сосот има нежна и фина структура, пријатен и сладникав вкус и освежителна арома. Иако во рецептот е наведено дека треба да се користат цели конзервирани домати, по ваша желба може да ги замените и со доматно пире или пак свежи обарени и лупени домати. Тоа нема да направи никакви промени во вкусот. Употребете го она што во моментот го имате на располагање и уживајте на трпезата.

Може да ве интересира: Брз сос од домати и босилек.
Состојки:
- 500 мл конзервирани цели домати ( со се течност)
- ½ чаша маслиново масло
- 4 моркови
- 1 кромид со средна големина
- 2 чешниња лук
- сол по вкус
- 2 лажички шеќер
Подготовка:
- Во длабок сад на оган на средно силна температура загрејте го маслиновото масло.
- Морковите и кромидот исечкајте ги на коцки и кратко пропржете ги на загреаното масло или додека кромидот стане стаклест и проѕирен.
- Лукот ситно исечкајте го или издробете го во алатка за лук.
- Потоа, заедно со доматите додајте го во садот со моркови и кромид.
- Варете околу 30-45 минути додека сосот почне да се намалува.
- Во меѓувреме дури се варат, доматите може да ги мешате со дрвена лажица. Пожелно е ова за да се распаднат и подобро да се сварат.
- Откако сосот ќе се свари, блендирајте го со рачен блендер или со процесор за храна додека убаво се изедначи.
- На крај, зачинете со сол и малку шеќер и сосот е спремен за да го надополни вкусот на вашата пица, домашни њоки или тестенини. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Едноставен рецепт за домашни њоки од 3 состојки.