Домашен леб со пршута и фстаци 1

Домашен леб со пршута и фстаци

Кога сакате да подготвите поинаков леб со посебен вкус, треба да се навратите на овој рецепт! Сите правиме различни лепчиња дома, а секое залче од нашиот домашен леб со пршута и фстаци буди желба да посакате да каснете уште!

Невена е одлична во кујната, а ние уживаме да ги дегустираме нејзините јадења. Погледнете како да си го направите и вие дома.

Домашен леб со пршута и фстаци 1

Состојки:

  • 125 мл топла вода
  • 125 мл топло млеко
  • 5 лажици масло
  • 100 гр пршута
  • 40 гр сечкани фстаци
  • 40 гр рендан кромид
  • 2 лажици пармезан
  • 2 лажици сечкан магдонос
  • 20 гр квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 1/2 лажиче сол
  • 500-520 гр брашно.

Подготовка:

  1. Пршутата, фстаците и кромидот исечете ги на ситни парченца. Магдоносот исто така исечкајте го ситно.
  2. Потоа, во сад за месење ставете ги сите состојки и убаво измешајте ги. Најдобро прво да ги додадете сите суви состојки, а потоа течните.
  3. Со раце замесете тесто и оставете го да стои околу 45 минути за да нарасне.
  4. Размесете го тестото и направете го со тркалезна форма.
  5. Изберете тава или плех за печење и обложете со хартија за печење.
  6. Во тавата ставете го тркалезно оформеното лепче и оставете го да стаса 40 минути. По желба може да го засечите малку по површината со остар нож.
  7. Ставете го да се печи во загреана рерна околу 45 минути, на температура од  180 степени.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Леб со маслинки, ореви и сушени домати.

Сподели: