Одвојте малку време и сами направете си домашен лосион со кокосово масло кој има длабински хидратантен ефект и дава одлични резултати во негата на лице, коса и тело. Всушност овој лосион е сѐ што ви треба за нега ова лето.
Со овој домашен лосион секогаш ќе знаете точно што нанесувате на вашата кожа и коса, бидејќи е направен од внимателно одбрани и целосно природни состојки. За кокосовото масло одамна е познато дека е едно од најдобрите природни масла за нега на коса, ги затегнува брчките и има антисепички својства. Затоа, ова масло е погодно за употреба и од лицата кои страдаат од егзема, дерматитис и акни. Овој лосион содржи и вода која ја ублажува маснотијата на кокосовото масло, а ја храни и хидрира кожата.

Потребно:
- 200 мл органско ладно цедено кокосово масло
- 3 лажици бадемово масло
- 3 лажици глицерин
- 1 лажичка масло со витамин Е
- 150 мл дестилирана ладна вода.
Начин на подготовка:
- Бидејќи кокосовото масло на собна температура е во цврста состојба, растопете го така што теглата со масло ќе ја ставите на сонце, пареа или во сад со жешка вода.
- Во растопеното масло додајте ги и бадемовото масло, витаминот Е и глицеринот, па добро промешајте додека сите состојки се соединат.
- Смесата складирајте ја во чиста тегла и ставете ја во фрижидер малку да се стегне. Притоа, не треба да се стврдне во целост, туку колку да започне процесот на трансформација во цврста состојба. Потоа, извадете ја и матете ја со миксер додека добиете фин путер.
- Во овој путер додајте ја и изладената дестилирана вода и матете заедно со миксер уште околу 10 минути или додека водата и путерот се соединат во лосионот.
- Повторно вратете го лосионот во чистата тегла во која планирате да го складирате.
- Од оваа количина на состојки ќе добиете околу 400 мл лосион кој има долг рок на траење. Благодарение на витаминот Е кој е и природен конзерванс, лосионот ќе трае долго време и на собна температура, но сепак најдобро е да го чувате во фрижидер.
Ви препорачуваме да прочитате: Домашен лосион за сончање.