Како резултат на секојдневната употреба на бричеви и средства против потење, кожата под пазувите станува темна и непривлечна. Оваа појава е многу честа и фрустрирачка. Но, не мора повеќе да ги криете темните пазуви носејќи блузи со ракави. Имаме решение со кое може да уживате во вашите омилени маички. Наидовме на еден интересен домашен третман против темни пазуви кој со помош на сода бикарбона и морска сол ќе ве ослободи од непријатните дамки.
Овој третман за избелување на темните дамки под пазувите се прави мошне брзо, едноставно и од лесно достапни состојки. А што е најважно, позитивните ефекти се забележуваат веднаш после првата употреба. Вреди да се проба и да се ужива во совршено симпатична и нежна кожа под пазувите.
Може да ве интересира: 3 домашни третмани против темни дамки под пазувите.

Состојки:
- 2 лажици морска сол
- 1 лажица сода бикарбона без алуминиум од Витаминка
- 1 лажица топла вода
- 1 лажица оцетна киселина
Подготовка и начин на употреба:
- Сите состојки измешајте ги во сад така што последна ќе ја додадете оцетната киселина.
- Откако ќе ја додадете киселината, како резултат на хемиската реакција која се одвива со содата бикарбона, смесата треба кратко да запени.
- Сè добро промешајте така што ќе добиете густа паста.
- Со вака подготвената паста истријте ги темните дамки под пазувите. Исплакнете со вода.
- Потоа, пребришете ги пазувите со фротирска крпа.
- Резултатот е забележлив веднаш, а постапката може да се повторува до 2 пати неделно, додека го постигнете изедначувањето на бојата на кожата.
Совет плус:
Содата бикарбона со право е наречена „медицинско чудо“, поради многу причини! Нема човек кој не слушнал за неа, зашто има многу употреби и голем број на корисни и здравствени придобивки. А, во денешно време e одлично што може да си набавиме сода бикарбона без алуминиум! Таа е лесно достапна и во народната медицина е добро позната како природен лек. Некои истражувачи сметаат дека таа треба да биде дел од третманот и лечењето на многу болести на денешницата. Одлично е што сега во маркетите ја има новата сода бикарбона без алуминиум на Витаминка. Произведена е според високите стандарди за квалитет на Витаминка и доаѓа во практично пакување за лесна примена, односно во мали ќесички – џебно пакување, кои може да ги понесете секогаш и секаде во случај на потреба. Топло ја препорачуваме!
Ви препорачуваме да прочитате: Сода бикарбона без алуминиум – лесно достапен народен лек.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.