домашен чај од цреши - диуретик

Домашен чај од цреши – ароматичен диуретик

Можеби досега не сте ни помислиле, а веројатно и не сте пробале чај од цреши. Неговите својства за организмот се повеќекратно корисни, тој е ароматичен и освежителен напиток со диуретично дејство.

Ние го откривме овој интересен рецепт на блогот на нашата пријателка Лана, Кuhinjica Мignone и сме сигурни дека препораката доаѓа од добар извор. Советува да ги искористиме дршките од црешите и да направиме вкусен ароматичен чај од цреши. Па, да го пробаме!

домашен чај од цреши - диуретик

Состојки:

  • дршки од цреши (или вишни)
  • 1 лажичка чај од хибискус
  • малку лимон.

Начин на припрема и дејство:

  1. Собраните дршки од црешите, измијте ги, исушете ги и складирајте ги во хартиена ќеса или тегла.
  2. Кога сакате да направите ароматичен чај, доволно е да ставите 1 дланка од дршките во 1 литар врела вода и лажичка хибискус заради поубава боја, па сите варете ги неколку минути.
  3. На крај, додадете малку лимон или мед по желба. Можете да го пиете кога и да го посакате, а во организмот има поволно влијание и дејство на диуретик.

Направате си и вие чај од цреши и уживајте во малку поразличниот и несекојдневен вкус на овој освежителен напиток!

Сподели: