Домашен џем од бело грозје 1

Домашен џем од бело грозје

Есента е едно од најубавите годишни времиња кога станува збор за храната и богатите можности! Ние сме големи обожаватели на белото грозје, па испробавме каков е неговиот вкус во вид на домашен џем од бело грозје! Одличен е, супер за секое утро!

Препорачуваме да го направите за вас и вашите сакани. Со чаша чај и тоа како годи за појадок.

Домашен џем од бело грозје 2

Состојки:

  • 1 кг бело грозје
  • 1 кг шеќер (зависно од шеќерноста на грозјето, може и помалку)
  • 1 л вода
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • свежо цеден сок од 2 лимони.

Подготовка:

  1. Во поголемо тенџере (шерпа), прво ставете ја водата да зоврие.
  2. Во меѓувреме измијте го грозјето, искинете ги зрната, а кога водата ќе зоврие ставете ги во неа и варете околу 10-15 минути на посилен оган.
  3. Кога лушпата ќе напукне, испасирајте ја смесата.
  4. Потоа, додајте го и шеќерот и ванилиниот шеќер. Продолжете да варите уште 1 час со постојано мешање.
  5. Кога џемот е доволно густ, тргнете го од огнот и турете го во топли стерилизирани тегли (околу 20 минути на 100 степени) и добро затворете го. Оставете го во претходно затоплената рерна за да се излади постепено. До отворањето, чувајте го на темно и ладно место, но не во фрижидер.

Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за слатко од грозје.

Сподели: