Домашна маска за сува и оштетена коса од сонцето 1

Домашна маска за сува и оштетена коса од сонцето

Доколку косата ви е сува и оштетена, било тоа да е од претерано изложување на сонце или поради „тврда“ вода, помошта може да ја најдете во вашата кујна. Кој би рекол нели? Но, да, можно е! Медот е одговорот на ова, а има и уште состојка кои се негови помошници! Прочитајте ја содржината до крај и видете што и како треба да направите.

Може да ве интереисира: Обновете ја сувата и оштетена коса.

Домашна маска за сува и оштетена коса од сонцето 2

Како да го направите третманотза сува и оштетена коса?

  1. Косата треба да бисе чиста и сува, а потоа во неа да втриете од прилика половина шолја мед. За да можете медот да го нанесете полесно, слободно разредете го со неколку лажици маслиново масло. Ако косата е многу сува и оштетена од сонцето во голема мера, во медот може да додадете и жолчка од јајце или авокадо. Ваквата комбинација ќе ја опорави косата и тоа видливо.
  2. Со маската масирајте од коренот кон врвовите. Оставете ја маската да делува околу 20 минути, па измијте ја со млака вода.
  3. Овој третман применувајте го најмалку 1-2 пати месечно.

Ви препорачуваме да прочитате: Едноставна природна маска за сува и оштетена коса.

Сподели: