Купените супи нудат удобност и брзина при подготовката, но вкусот на домашна супа е незамисливо поинаков и голем број од нас велат дека им е многу подобар од оној на готовите супи. Инспирирани од рецептот на блогот Kuhinjica Mignone ви предлагаме да направите богата домашна супа, чиј посебен вкус доаѓа од тортелините во нејзиниот состав.
Тортелините може да ги купите готови, а исто така може да ги направите сами. Ние веќе имаме пробан и одличен рецепт за домашни тортелини со фил по ваш избор, па слободно може да си ги направите и вие. Ви препорачуваме тортелините да ги направите дома, затоа што е многу забавно, интересно и нуди можност да изберете фил по желба и вкус на домашните.

Состојки:
- 1 литар кокошкина или говедска супа (може и од коцки)
- 100 гр тортелини со мелено месо или друг фил по избор.
Подготовка:
- Најпрво ставете литар вода во сад на оган и откако ќе зоврие додадете ја избраната кокошкина или говедска супа, Оставете да се вари според предвиденото упатство на паковањето.
- Во така припремената течност, наместо фиде се додаваат тортелините кои се оставаат да се варат додека убаво се зголеми нивниот волумен.
- Пред крајот, во готовата домашна супа со тортелини додајте и малку сечкан магдонос и послужете се.
На здравје!