Вкусна бела чорба со пилешко месо и зеленчук. Идеална за ладните зимски денови. Може да ја послужите како главно јадење или лесна вечера. Пробајте ја, ќе ви се допадне!
Ако сте љубител на супи и чорби, ова е вистинскиот рецепт за вас. Домашна чорба со пилешко месо и зеленчук која ќе ви ја згрее душата и ќе ве освежи.

Состојки:
- 1/2 кг пилешки стек од Слога
- 100 г корен од магдонос
- 100 г корен од пашканат
- 100 г корен од целер
- 100 г царски микс или грашок од Royal Veggies на Слога
- 200 г моркови
- 200 г компири
- 1 помала главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 л ладна вода
- 1 лажичка мелен црн пипер
- 2 лажички сув мешан зачин
- 1 жолчка
- 100 мл неутрална павлака за готвење
- 2 лажици пченкарно брашно.
Подготовка:
- Пилешкото месо и зеленчукот исечкајте го на коцки.
- Ставете ги во подлабок сад и прелијте ги со ладна вода. Откако ќе зоврие, посипете со мелен пипер и сув мешан зачин. Намалете ја температурата и варете ја чорбата на средна температура (во покрие сад) 30-40 минути, во зависност од шпоретот. 5-10 минути пред крајот на варењето, додајте 100 г царски микс или грашок.
- Јајцето скршете го и одвојте ја белката од жолчката. Ставете ја жолчката во помал сад и додајте го кремот за готвење. Измешајте со жица за матење. Додајте го пченкарно брашно и изматете за да не останат грутчиња.
- Смесата постепено додавајте ја во зовриената чорба со постојано мешање. По потреба, додајте зачини. Варете уште 2-3 минути и тргнете го садот од оган.
- Готовата чорба декорирајте ја со магдонос по желба и послужете ја.
Совети плус:
- По желба, за подобар вкус во чорбата додајте лимонов сок.
- За подготовка на чорбата може да користите и пилешки копанчиња. Како и да ја направите ќе биде превкусна. Кога станува збор за пилешко месо, наш избор се Слога. Долгогодишното искуство, квалитет и традиција ги прават производите на Слога задолжителен дел на секоја трпеза. Во нивната палета може да најдете голем избор на пилешки производи: копанчиња од крилца, пилешки кратки копани, пилешки стек, пилешки копани без коска, пилешки копан со наткопан…
- Бидете креативни и додајте зеленчук по ваш вкус. Од новите Royal Veggies производи на Слога изберете жолта боранија, грашок, брокула, пченка, златна мешавина, царска мешавина или руска салата и збогатете ја чорбата.

Ви препорачуваме да прочитате: Посна рибина чорба од ослич.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.