Често пати посакуваме да го збогатиме вкусот на домашната супа, а подготовката на домашни кнедли од гриз е вистинска можност за тоа! Било да е пилешка или без месо, супата ќе има одличен полн вкус!
Рецептот е испробан и ни доаѓа од кујната на нашата пријателка Лана, од блогот Kuhinjica Mignone. Како и сите нејзини рецепти, супер е вкусот и без грешка.

Состојки:
- 1 јајце
- 4 лажици гриз
- малку масло (1/2 лажица)
- прстофат сол.
Подготовка:
- Белката изматете ја со вилушка или маткалка, додека стане пенеста, а потоа додајте ја жолчката и добро измешајте ги.
- Додајте ја солта и маслото (не е задолжително, па не мора да го додавате ако не сакате).
- Полека додавајте го гризот за да се добие убаво изедначена смеса. Количината на гриз може да зависи и од големината на јајцето, па најдобро е да додавате постепено и да биде поретка смесата, затоа што подоцна малку ќе се стврдне.
- Оставете ја смесата да стои неколку минути, додека супата зоврие. Потоа, со помош на лажица земајте по малку од смесата за кнедли и спуштајте во супата која врие. За најдобро да се приготват кнедлите, намалете ја температурата.
- Кнедлите се приготвуваат многу брзо и доволно е да ги варите само неколку минути. Послужете додека е топло, на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Домашна супа со кнедли од стар леб.