Секој од нас би уживал во убаво приготвени колачи, нели? Крцкави се и создадени за со омиленото кафе, неверојатни за со омиленото друштво! Рецептот за овие домашни чоколадни бисквити го креиравме во знак на љубовта!
Ја сакаме храната, ги сакаме вкусните ароматични колачиња, а најмногу од се уживаме кога го споделуваме тоа со нашите сакани, а секако и со вас. Па еве како да ги направите и вие, за да може да уживате во нив!

Состојки:
- 4 јајца
- 4 полни лажици мед
- рендана кора од портокал
- 100-110 брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- 1 лажица какао
- екстракт од рум по желба (околу 1 лажичка).
Подготовка:
- Прво раздвојте ги белките и жолчките. Во сад изматете ги белките до цврст снег, а потоа постепено додајте половина од медот.
- Во друг сад изматете ги жолчките, па соединете ги со остатокот од медот. Измешајте ги жолчките и белките во еден сад, но мешајте со помош на лажица.
- Брашното просејте го и измешајте го со прашокот за печиво и какаото.
- Во садот со измешаните белки и жолчки додајте ја и ренданата кора од портокал, а потоа додајте го претходно измешаното брашно со печивото и какаото, па се убаво измешајте.
- Добро измешаната смеса турете ја во шприц за филовање, па во претходно обложен плех со хартија за печење формирајте домашните чоколадни бисквити во форма на срце.
- Во претходно загреаната рерна на 200 степени, печете околу 10 минути.
Декорирајте по желба и споделете љубов! На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Медени срца со портокал.