Многумина сме слушнале, но дали знаеме доволно? – Веројатно не, освен ако сме немале проблем ние или некој наш близок. Па, по повод 28-ми јули, светскиот ден на хепатитисот направивме мало истражување. Од истражувањето дознавме дека според СЗО, моменталниот број на лица со хепатитис Б и Ц е 354 милиони на глобално ниво. Овој податок ни беше доволен поттик за да ја прашаме Д-р Нела Деспотовска подетално за ова заболување и да споделиме со вас поважни извадоци од разговорот. Ви откриваме кои типови постојат, како да ја препознаете болеста и што може да се направи.
Хепатитис е воспаление на црниот дроб најчесто предизвикано од вирусни инфекции. Оваа болест може да ја предизвика и прекумерна консумација на алкохол, разни токсини, автоимуниот одговор, претходни заболувања, како и употребата на лекови или дрога. Постојат неколку типови на хепатитис, кои манифестираат разни симптоми, причините се различни, а со тоа и третманот и превенцијата.

Вирусите како причина за хепатитис
Вирусниот хепатитис настанува при напад на црниот дроб од вируси. За секој тип е одговорен различен вирус. Петте главни вирусни класификации на хепатитис се А, Б, Ц, Д и Е.
Хепатитис А е резултат на инфекција со хепатитис вирус А. Овој тип е акутен и краткотраен. Се јавува поради изложеност на вирусот при внес на храна или вода.
Хепатитис Б е предизвикан од хепатитис вирус Б. ХБВ е долготрајно, хронично воспаление. Се пренесува преку крв и други телесни течности.
Хепатитис Ц настанува поради хепатитис Ц вирусот. Овој тип е меѓу најчестите инфекции кои се пренесуваат преку крв и други телесни течности и обично претставува долготрајна состојба.
Хепатитис Д е ретко заболување кое се јавува единствено заедно со хепатитис Б. Предизвикува воспаление на црниот дроб, но лицето не може да се зарази без да е заразено со хепатитис Б. Во светот, со овој тип се заразени 5% од лицата кои имаат ХБВ. Настанува при контакт со заразена крв.
Хепатитис Е е болест која е резултат на изложеност на хепатитис Е вирусот. Главно го има во области со лоши санитарни услови и обично се внесува преку вода и храна контаминирана со фекални материи. Состојбата е акутна и опасна за бремените жени.
Причини за неинфективен хепатитис
Иако најчеста причина за хепатитис е инфекција со вирус, постојат и други причинители на ова заболување.
Алкохол и некои токсини
Прекумерниот внес на алкохол го оштетува црниот дроб и може да предизвика воспаление. Оваа состојба уште се нарекува алкохолен хепатитис.
Автоимун одговор
Автоимуниот хепатитис е болест која се јавува кога нашето тело создава антитела против ткивото на црниот дроб. Во некои случаи, имуниот систем по грешка го препознава црниот дроб како штетен и го напаѓа. Ова предизвикува воспаление кое може да варира од благо до сериозно, попречувајќи ја работата на црниот дроб. Овој тип на хепатитис е почест кај жените.
Вообичаени симптоми
Лицата со хронична форма, како хепатитис Б или Ц, може и нема да покажат симптоми додека оштетувањето не ја поремети функцијата на црниот дроб. Спротивно на тоа, оние со акутен хепатитис може да забележат симптоми кратко време по заразувањето со вирусот. Најчести симптоми се:
- Замор
- Симптоми слични на грип
- Темна урина
- Бледа столица
- Болки во стомакот
- Губење на апетит
- Необјасниво губење на тежина
- Жолта кожа и очи.
Дијагноза и третман
Постојат повеќе испитувања преку кои може да се дијагностицира хепатитис. Меѓу нив се историја на болеста и физички преглед, тестови за функцијата на црниот дроб, тестови за откривање преку крв, биопсија и ултразвук. Начините на третман варираат спрема тоа за каков тип на хепатитис станува збор и дали болеста е акутна или хронична.
- Хепатитис А е краткотрајно заболување за кое можеби и не е потребен третман. Сепак, симптомите може да предизвикаат голема непријатност и потреба од одмор и лежење во кревет. Ако повраќате и имате дијареја, докторите препорачуваат посебен режим на исхрана за да се одржува хидратација и внес на нутриенти.
- Нема посебен третман за акутен хепатитис Б, но, за лечење на хроничен хепатитис потребна е терапија со лекови која можеби и треба да се прима со месеци или години. Третманот на овој тип бара и редовни медицински проценки и мониторинг за да се утврди дали вирусот реагира на третманот.
- И акутниот и хроничниот хепатитис Ц се третира со лекарства. Најчесто, лицата со хроничен тип користат комбинација од антивирусни лекови. Оние кои заболуваат од цироза или друга болест на црниот дроб се потенцијални кандидати за трансплантација на овој орган.
- За третман на хепатитис Д, СЗО препорачува употреба на пегилиран интерферон алфа како најдобар. Овој лек може да има сериозни несакани ефекти и затоа не се препорачува на лица со цироза, лица со психички проблеми и лица со автоимуни болести.
- Моментално нема специфичен лек за хепатитис Е бидејќи инфекцијата е акутна и најчесто поминува сама од себе. Докторите препорачуваат одмарање, внес на течности и нутриенти и избегнување на алкохол. Бремените жени заразени со хепатитис Е се подложни на мониторинг и посебна нега.
- Автоимуниот тип на хепатитис најчесто се лечи со помош на кортикостероиди, иако постојат и други лекови. Кортикостероидите се ефикасни кај 80% од случаите.
Превенција
Хепатитис вирусите може да се пренесат од човек на човек преку телесните течности, да се внесат преку храната или водата. Практикувањето на лична хигиена и избегнувањето небезбедна вода и храна помагаат да се намали ризикот од заразување со хепатитис А и Е. Хепатитис Б, Ц и Д се пренесуваат преку телесни течности и затоа се препорачува да не се даваат или користат туѓи четки за заби, жилети и да не се допираат со гола рака туѓите телесни течности. Хепатитис Б и Ц може да се пренесат со интимен однос, па препорачливо е да се користи заштита.
За хепатитис А и Б постојат вакцини кои превенираат и го намалуваат ризикот, како и штитат од заболување. Вакцината за хепатитис Б штити и од хепатитис Д. За хепатитис Ц и Е засега нема вакцини.
Совет плус:
За ублажување на симптомите на хепатитис, препорачуваме неколку додатоци во исхраната. Од додатоците, како најефикасни, ги издвојуваме: Choline & Inositol, Glutathione, Sun-E™ 400 и L-OptiZinc кои ги има во онлајн продавницата на нашите пријатели Тримекс и во сите подобро снабдени аптеки. Еве по неколку реда корисни информации за нив:
- Choline & Inositol. Холин и инозитол се дел од комплексот на Б-витамини кои учествуваат во формирање на клеточната мембрана и имаат клучна улога како невротрансмитери. Холинот е неопходен за нормален пренос на синаптика, здравје на мозокот и метаболизмот на масните киселини во црниот дроб. Инозитол е исто така од суштинско значење за здравјето на мозокот и нервниот систем. И холинот и инозитолот се есенцијални компоненти на сите клеточни мембрани. Холинот е важен за транспорт и разградување на холестерол и масти (природна потпора на црниот дроб), додека инозитолот помага во повторно воспоставување на внатрешната рамнотежа.

- Glutathione. Глутатион е мал молекул на пептид составен од три аминокиселини: цистеин, глутаминска киселина и глицин. Се произведува од секоја клетка на телото, со особено високи нивоа во црниот дроб. Глутатионот е клучен за функцијата на здрав имунолошки систем и е неопходен за правилни процеси на детоксикација. Исто така, игра важна улога во одржувањето на клеточното здравје со директно неутрализирање на слободните радикали, како и со одржување на активноста на витамини Ц и Е.
- Sun-E™ 400. Витаминот Е е главен антиоксидант растворлив во масти, кој е особено важен за одржување на здравјето на клетките преку неутрализирање на слободните радикали формирани преку нормалните метаболички процеси, како и преку изложување на околината. Како дополнување на неговите антиоксидантни активности, Витаминот Е исто така е неопходен за нормална имунолошка функција и за одржување на здрав васкуларен систем.
- L-OptiZinc. L-OptiZinc® е форма на комплекс на цинк со аминокиселина метионин. Цинкот има антиоксидансни својства, супериорна клеточна заштита, поддржува здрав вид, нормална когнитивна функција и имунолошка функција.
Предложените производи може да ги нарачате на онлајн продавницата на Тримекс или да ги набавите од поголемите аптеки. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Ви препорачуваме да прочитате: Детоксикација на црниот дроб – предуслов за добро здравје.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Поддржан текст.