Сигурно сите сте слушнале за цинк, a дали знаете за што всушност е важен овој минерал? – Цинкот и неговата важност се откриени уште во 18-тиот век. Тој е еден од минералите кои учествуваат во бројни процеси и функции во телото. Претставува составна компонента е на инсулинот и го поттикнува неговото лачење, значаен е за половите хормони и многу ензими. Потребен е за коските и мускулите, простатата, црниот дроб, еритроцитите и леукоцитите. А, на кој начин овој минерал го одржува нашиот имунитет и влијае врз здравјето на кожата ни открива Д-р Нела Деспотовска. Во продолжение ги споделуваме нејзините совети.
Цинкот е неопходен за синтеза на протеините, колагенот и создавање на коскената маса. Има голема важност во апсорпцијата на витаминот А и одржувањето на нивото на витаминот Е. Има заслуга за функционирањето на сетилото за мирис и вкус. А, во остатокот од текстот дознајте за што друго е важен и што се случува при негов недостаток.
Која е улогата на цинкот во телото?
Цинкот е есенцијален минерал кој телото го користи на безброј начини. Всушност, цинкот е вториот најзастапен минерал во нашето тело и е присутен во секоја клетка. Тој е неопходен за активноста на повеќе од 300 ензими кои помагаат во метаболизмот, варењето, нервната функција и многу други процеси. Овој минерал е исто така е важен за здравјето на кожата, синтезата на ДНА и производството на протеини. Поважни улоги на цинкот се:
- Го зајакнува имунолошкиот систем
- Го забрзува заздравувањето на раните
- Го намалува ризикот од појава на одредени болести како што се пневмонија, инфекции и макуларна дегенерација
- Помага во лекувањето на акните
- Го намалува воспалението.
Што се случува при недостаток на овој минерал?
Симптомите за тежок недостаток на цинк вклучуваат нарушен раст и развој, одложена сексуална зрелост, осип на кожата, хронична дијареа, нарушено заздравување на раните и проблеми со однесувањето.
Симптомите на благ недостаток на цинк вклучуваат дијареа, намален имунитет, проретчена коса, намален апетит, нарушувања на расположението, сува кожа и проблеми со плодноста.
Одредени групи на луѓе се повеќе изложени на ризик од недостаток на цинк, а тоа се:
- Луѓе со гастроинтестинални заболувања
- Вегетаријанци и вегани
- Бремени жени и доилки
- Постари доенчиња кои се исклучиво доени
- Луѓе со хронична бубрежна болест
- Оние кои консумираат голема количина на алкохол.
Кои се изворите на цинк од храната?
Сите витамини и минерали е најдобро да се внесуваат по природен пат, односно преку храната, а истото важи за овој минерал. Цинкот најмногу го има во:
- јајцата
- месото (говедско, живинско)
- морските плодови
- јаткасти овошја, бадеми
- семки од тиква
- грав
- боранија
- грашок
- ладно цедено масло од чиа
- ладно цедено масло од ленено семе
- интегрални житарки
- пивски квасец.
Но, бидејќи телото природно не произведува цинк, мора да го внесувате преку храната или преку додатоци во исхраната. Од додатоци кои се достапни кај нас ви го препорачуваме L-OptiZinc® од Now. L-OptiZinc® е форма на комплекс на цинк со аминокиселината метионин. Овој производ подобро се апсорбира и се задржува подолго во споредба со други тестирани форми на цинк.
Предности на L-OptiZinc:
- супериорна апсорпција и задржување
- супериорни антиоксидативни својства
- супериорна клеточна заштита
- здрав вид и нормална когнитивна функција
- здрава кожа, коса и нокти.
L-OptiZinc® може да го нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс, а доставата е бесплатна. Овој додаток на исхраната е достапен и во поголемите аптеки низ земјата. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Ви препорачуваме да прочитате: Цинк – здравствени придобивки и симптоми на недостаток.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.