10 знаци кои ти кажуваат дека имаш ниско ниво на желудочна киселина 1

Д-р Нела Деспотовска советува: 10 знаци кои ти кажуваат дека имаш ниско ниво на желудочна киселина

Дали знаеш дека ако имаш ниско ниво на желудочна киселина, тоа може да е причината за твоите дигестивни проблеми? Појавата се вика хипохлорхидрија, а изненадувачки, почеста е одошто мислиме. Во САД е направено истражување од чии резултати е проценето дека од оваа состојба страдаат 22% од луѓето. Уште поизненадувачки е фактот што, ниското ниво на желудочна киселина предизвикува повеќе проблеми од вишок на желудочна киселина, посебно кај возрасните. Ја консултиравме Д-р Нела Деспотовска и препорачуваме да го прочитате и споделите овој текст со пријателите.

Недостатокот на желудочна киселина може да е причина за лоша апсорпција на хранливите материи, бидејќи истата помага да бидат разложени протеините и минералите, за потоа да бидат лесно апсорирани од телото. Исто така, ги уништува штетните бактерии и паразити кои доаѓаат со храната која ја јадеме. 

10 знаци кои ти кажуваат дека имаш ниско ниво на желудочна киселина 2

Високо ниво на стрес, стареење, операција на желудникот, одредени лекови, обилна консумација на шеќери, се главните причини за ниско ниво на желудочна киселина, а кои се главните симптоми погледнете во листата:

  1. Чувство на печење – обично лицата со проблем имаат мислење дека ги пече вишок на желудочна киселина и посегаат по антациди. Проблемот со неможноста храната да е разложена доведува до гасови и чувство на жарење.
  2. Потешкотии со варење на месото – после оброк со месо, лицата кои со недостаток на желудочна киселина имаат чувство на замор, гадење и зашеметеност.
  3. Гасови и подуеност после оброк – знак за голем раст на бактерии во стомакот.
  4. Алергии на храна и интолеранции – ако имате некакви алергии, тестирајте го и желудникот.
  5. Нутритивни дефицити – може да се покаже со тест.
  6. Кожни проблеми и акни – здрав желудник го одржува здравјето на кожата. Се смета дека 40% од лицата со акни имаат со ниско ниво на стомачна киселина.
  7. Синдром на иритабилни црева – се должи на акумулирање на бактерии и токсини од телото како резултат на ниско ниво на желудочна киселина.
  8. Несварени остатоци од храна во столицата – доведува до ниско ниво на енергија, бидејќи не се апсобираат доволно нутриенти.
  9. Опаѓање на косата кај жените – придружен симптом може да се кршливи нокти, а промените се должат на дефицит на Б витамини поради лоша апсорпција. 
  10. Пролив или запек – повторно причина поврзана со преголем раст на штетни бактерии, а помалку добри бактерии. Често има и појава на гасови.

Што може да се направи?

Кога станува збор за здравјето, Д-р Нела Деспотовска секогаш е тука да ни даде помош и поддршка. Таа ги потврдува податоците од нашето истражувањето и нејзиниот совет е да се зема Betaine HCL, а ни објаснува и зошто го препорачува. Хлороводородна киселина (HCl) нормално се создава во желудникот каде што помага во варење на протеините со активирање на пепсин, одржува здрава рамнотежа на цревната флора и стимулира ослободување на цревните ензими. Пепсинот е протеаза произведена во желудникот која делумно ги разградува протеините во храната. Производството на HCl се намалува со возраста, така што надополнување со HCl и пепсин може да помогне да се одржи нормална дигестивна функција.

10 знаци кои ти кажуваат дека имаш ниско ниво на желудочна киселина 3

Betaine HCl е кисела форма на бетаин, супстанција слична на витамин која се наоѓа во житариците. Се препорачува како дополнителен извор на HCl за луѓе кои имаат недостаток на производство на стомачна киселина.

Луѓе со намалено создавање на HCl (хипохлорхидрија) или отсуство на HCl (ахлорхидрија) може да немаат никакви симптоми или да имаат симптоми на лошо варење како што се гасови, ждригање после оброк, рефлукс или надуеност (особено после оброци богати со месо и протеини).

Земањето на додаток Betaine HCl со пепсин може да помогне во заздравување на гастроинтенстиналниот тракт, да се намалат симптомите на рефлукс, како и да овозможи целокупна поддршка на дигестивното здравје.

Ако имате дополнителни прашања, пишете ни, а ние ќе се обратиме до Д-р Нела Деспотовска. Ако се одлучите, производите може да ги нарачате преку онлајн продавницата на vitamini.mk, а доставата е бесплатна. Исто може да ги набавите и од поголемите аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: Што може да помогне при испукана кожа на прстите и рацете?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: