Сигурно не сте знаеле дека вака можете да направите најдобра домашна лимонада! Трикот кој ви го предлагаме ќе ви заштеди многу време. Најдобро од сé е што е многу поедноставен од разни други начини.
Лимонадата е одличен извор на витамин Ц и како таква го зајакнува имунолошкиот систем. Таа е идеална за сите сезони бидејќи го освежува, оживува и детоксицира нашето тело. Најздраво е да го започнете денот со чаша млака вода во која сте додаде еден исцеден лимон. Овај напиток ќе ги исфрли токсините од вашето тело, а со редовно консумирање ќе ги намалите и несаканите килограми. Кога пак лимот се користи во комбинација со магдонос, влијае одлично на здивот.

Како најлесно да направите најдобра домашна лимонада?
Овошјето измијте го и исечете го на парчиња со се кора, а потоа ставете го во блендер. Овој трик потполно го прескокнува најдосадниот чекор кој исто така троши најмногу време, а тоа е цедењето на сокот. Наместо да го цедите лимонот, само добро го миете и потоа ги отстранувате семките и непосакуваната бела кожичка која може да горчи.
Во блендерот додајте вода, коцки мраз и малку мед, па за само неколку минути ќе имате вистинско уживање во чаша. Свежа лимонада како што секој би посакал!
А за да уживањето биде навистина впечатливо, за 1 лимон користете 4 коцки мраз, а блендирањето нека не биде пократко од 1 минута.
Ви препорачуваме да прочитате: 5 здравствени проблеми кои може да ги решите со лимонада.