Едноставна италијанска фокача со крупна сол и маслиново масло 1

Едноставна италијанска фокача со крупна сол и маслиново масло

Фокачата е еден вид на рамен леб прекриен со ароматични зачини и други состојки по желба. Најчесто се комбинира со босилек и шери домати. Ние денес споделуваме со вас рецепт за „празна“ фокача со крупна сол и маслиново масло.

Всушност, фокачата претставува традиционално италијанско јадење кое многу потсетува на пица. А вака подготвена, лесно може да се комбинира со разни намирници по сечиј вкус на сите во домот. Но, по желба може да ја наредите со разни зачини, маслинки, шери домати или други состојки по ваш вкус. Она што е специфично за овој неа, е тоа што тој е многу воздушеста. Тој ефект на мекост на фокачата се постигнува со специјално третирање на тестото. При самиот процес на подготовка на тестото за фокача се забиваат прстите во неговата мека површина и на тој начин тоа станува воздушесто.

Едноставна италијанска фокача со крупна сол и маслиново масло 2

Состојки:

  • 500 г остро брашно
  • 325 мл вода
  • ½ ќесичка сув квасец
  • 1 лажичка сол
  • маслиново масло по потреба
  • крупна сол по потреба
  • босилек, маслинки, лук или други зачини по желба.

Подготовка:

  1. Ставете ги сите состојки во длабок сад за месење заедно со 2-3 лажици маслиново масло и замесете мазно тесто со помош на раце или машина за месење тесто.
  2. Тестото покријте го со најлонска фолија и оставете го преку ноќ во фрижидер.
  3. Другиот ден, на добро набрашнета работна површина обликувајте го тестото во форма на топка, покријте го со кујнска крпа и оставете го да отстои околу ½ час.
  4. Плехот за печење премачкајте го со маслиново масло и посипете го со гриз.
  5. Рацете добро намрсете ги со маслиновото масло и со помош на прсти развлечете го тестото во големина на плехот во која планирате да ја печете фокачата.
  6. Ставете го тестото во плехот и продолжете да го боцкате со прстите за истото да стане меко и воздушесто.
  7. Потоа, по ваша желба тестото може да го поросите со крупна сол и маслиново масло или да го наредите со шери домати замотани во лист босилек или други состојки по ваша желба. Доколку се одлучите да користите шери домати редете ги во дупчињата кои ги обликувавте со прстите на фокачата на растојание од 2 см.
  8. Вака подготвената фокача покријте ја и оставете ја да нарасне околу 45 минути.
  9. Печете ја во загреана рерна на температура од 200 степени околу 20-30 минути.
  10. Откако ќе се испече, додека е жешка, фокачата прелијте со малку маслиново масло.
  11. Откако кратко ќе се излади, послужете ја со сирење, кашкавал, маслинки или со некои други намирници по ваша желба. На здравје!

Совети плус: Tестото  може да го направите и истиот ден без претходно да го оставите преку ноќ. Само во тој случај оставете го на топло место околу 1 час за да нарасне. На околу 500 г брашно се става 1 ќесичка сув квасец или 25 г свеж квасец. Од количината на квасецот ќе зависи и должината на времето за кое ќе стаса тестото, но доколку се користи помала количина истиот помалку ќе се чувствува во вкусот на фокачата.

Ви препорачуваме да прочитате: Посна фокача со компири, маслинки и домати.

Сподели: