Постите нека бидат повкусни и полесни! Имаме нов рецепт кој ќе го освои сечиј вкус. Станува збор за посна фокача со компири, маслинки и домати. Зачинета со рузмарин за екстра медитерански вкус.
Предлог ни доаѓа од нашата пријателка Диана, а рецептот е испробан во нејзината кујна.

Состојки:
- 1 чаша интегрално брашно
- 2 чаши брашно
- 7 грама сув квасец
- 2 лажици масло
- 1 мала лажичка шеќер
- ½ мала лажичка сол
- ¾ – 1 чаша ладна вода од компирите.
За гарнирање:
- 1 – 2 компири, сечкани на листови и бланширани
- ½ чаша зелени маслинки
- 1 чаша чери домати
- 2 – 3 лажици масло
- морска сол по вкус
- рузмарин.
Подготовка:
- Во сад за месење се ставаат интегралното брашно, брашното, квасецот, маслото, шеќерот, солта и вода. Се замесува еластично тесто за време од 10-тина минути.
- Тестото се формира како топка и се става во намрсениот сад во кој сте го замесиле. Потоа садот се покрива со кујнска крпа и се остава на нарасне. По желба тестото може да се стави и во фрижидер за време од 18-20 часа, па потоа да се продолжи со подготовка.
- Доколку тестото сте го чувале во фрижидер, пред да продолжите оставете го 15-тина минути на собна температура. Тестото размесете го подолго време и со помош на рацете формирајте кора.
- Во тава ставете хартија за печење. Ставете го тестото и со прсти убаво развлечете го. Оставете го да нарасне за време од ½ час. Потоа повторно обликувајте го со помош на прстите и наредете ги чери доматите исечени на половини, маслинките, компирите и наросете рузмарин. Вака приготвената фокача попрскајте ја со масло и сол по вкус. Притоа, ако маслинките се многу солени, не посолувајте.
- Фокачата се пече во загреана рерна на 200-220 степени, за време од 20 минути. Заруменетата фокача, се вади од рерната и се остава да се излади околу 10 минути. Потоа се сече на парчиња и се сервира додека е топла. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Посна фокача со фил од туна, кромид и домати.