За сите љубители на десерти со лесни вкусови и едноставна подготовка, ви предлагаме одлична пита со јаболка која лесно се подготвува. Да ја пробаме!
Јаболката се познати како еликсир за здравје. Не без причина е речено, јаболко на ден и лекар не ви е потребен. Но, нели ние луѓето уживаме да правиме промени и иако најдобро и најкорисно е јаболкото да се јаде свежо, воопшто не е лоша идејата повремено да се засладиме со нешто здраво и вкусно. Така, го споделуваме со вас рецептов кој го најдовме на страницата staceysnacksonline, а ни се допадна бидејќи не одзема многу време, а ќе го обожаваат сите кои ќе пробаат. Еве како можете да го направите.

Состојки:
- 5-6 големи јаболка
- 3 јајца
- 200 гр шеќер
- 1 лажица екстракт од ванила
- 125 гр брашно
- цимет за посипување
- шеќер во прав за посипување.
Подготовка:
- Јаболката најпрво измијте ги, излупете ги, а потоа исчистете го семето и сечете ги на коцки со средна големина. Во калап со дијаметар 22 см, ставете хартија за печење и додајте ги сечканите јаболка.
- Со електричен миксер изматете ги шеќерот и јајцата.
- Миксајте ги со голема брзина, додека шеќерот се растопи, а потоа додајте ги ванилата, брашното и измешајте ја смесата со лажица. Смесата за колачот ставете ја во калапот врз јаболката.
- Печете околу 55-60 минути, на 170 степени.
- Печената пита со јаболка се остава во калапот да се излади 10 минути.
- По желба посипете ја со шеќер во прав и цимет, со што едноставната пита со јаболка е спремна за сервирање!