Обично штом се спомне овој десерт сите ја имаме пред очите добро познатата слика на фил од ванила. Превкусен е, но некогаш е добро да направиме промена, па ви предлагаме рецепт за еклери со чоколаден фил.
Невена ни посочува „Овој рецепт може да ви послужи како идеја за класичниот ванила фил да го замените со чоколаден. Се разбира, по желба може да ги филовате и со пудинг од ванила“. Знаеме дека е во право и дека секој има различен вкус, па сепак изборот за фил, треба да ви припадне вам. Уживајте и на здравје во секој случај!
Може да ве интересира: Еклери со јагоди и ванила крем.

Состојки:
За смеса за еклери:
- 100 мл вода
- 100 мл масло
- прстофат сол
- 150 гр брашно
- 3 јајца (средно големи)
- 1/3 лажиче прашок за печиво.
За фил:
- 1 л млеко
- 2 пудинзи од чоколадо
- 14 лажици шеќер
- 1 лажица брашно
- 1 полна лажица нишесте.
За декорација:
- 50 гр чоколадо за готвење или млечно
- 2 лажици масло.
Подготовка:
- Најпрво припремете го филот. Издвојте малку млеко за да го измешате правот за пудинг, а останатото ставете го на оган да се вари.
- Пудингот, брашното и нишестето измешајте ги со малата количина на издвоено млеко, така што да нема грутчиња. Откако добро се соединила смесата, заедно со шеќерот додајте ја во млекото на оган и варете го пудингот.
- Оставете го да се излади и подгответе ги еклерите.
- Водата, маслото и солта ставете ги да зовријат, а потоа додадете го брашното. Измешајте го со дрвена лажица за да се изедначи и оставете да се излади.
- Во изладената смеса, едно по едно додајте ги јајцата и печивото, и мешајте добро за смесата да стане мазна.
- На плех обложен со хартија за печење, со мало лажиче ставајте од смесата.
- Печете ги во загреана рерна на 200 степени, за време од 20 – 25 минути.
- Готовите еклери филовајте ги со чоколадниот фил пудинг и украсете ги со стопено чоколадо.
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Најдобриот рецепт за еклери со крем од ванила.