Гурманско јадење кое мора да го пробате! Толку вкусен рецепт, ретко може да се најде и во најелитните ресторани. Диана ни предлага супер рецепт за превкусни запечени компири во сос од кашкавал и павлака.
Совршена комбинација за богат ручек кој сигурно ќе му се допадне на целото семејство. Веќе се најде на нашата омилена листа на рецепти и во првата прилика ќе го направиме.

Состојки за една до две порции:
- 2 – 2 ½ компири
- 2 јајца
- 1 – 1 ¼ чаша млеко
- ¼ павлака
- ¼ чаша тврдо сирење или кашкавал
- 2 лажици брашно
- 2 лажици путер
- 1 мала лажичка сенф
- 1 мала лажичка италијански зачини (оригано, мајчина душица…)
- 1 чешне лук по желба
- сол, мелен црн пипер, морско оревче, лук во прав по вкус.
За прелив:
- ¼ чаша тврдо сирење/кашкавал
- ½ рендан компир
- 1 лажица путер.
Подготовка:
- Компирите се ставаат да се варат во посолена вода. Од варените компири се зема ½ компир, а другите се сечкаат на коцки. Коцките компири се зачинуваат со сол и црн пипер.
- Јајцата се ставаат во тенџере да се варат. Варените јајца се сечкаат на коцки.
- Лукот ситно се сечка. Кашкавалот се ренда.
- Путерот се става во поголема нелеплива тава на оган, на умерена температура да се растопи. Потоа се додава ситно сечканиот лук, кратко да се запржи. Лукот се вади од тавата. Во тавата се додаваат 2 лажици брашно и се запржуваат околу 2 минути. Во тавата полека се налеа млекото, се додаваат зачините и се остава да врие додека сосот започне да се згуснува.
- Во тавата се додава ренданиот кашкавал и се меша додека се растопи. Тавата се трга од огнот и се додава киселата павлака. Ако сосот е многу густ се додава уште млеко. Се зачинува со сенф, морско оревче, сол, црн пипер и лук во прав, по вкус. Смесата се остава да се излади кратко и во неа се додаваат јајцата.
- Садот за печење се премачкува со путер. Во него се реди еден слој од сечканите компири. Над нив се става 1 до 2 лажици рендан кашкавал, а потоа се додаваат смесата со јајца. Тавата се покрива со преостанатиот варен и изрендан компири, ренданиот кашкавал и путерот.
- Тавата се става да се пече во загреана рерна на 200 степени за време од 20 минути, додека добие златеста боја. Запечените компири во сос од кашкавал и павлака се служат додека се топли заедно со свежа салата. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Печени компири со пармезан и млечен сос од лук.