Витаминот Е или токоферол е моќен антиоксиданс од групата на витамини растворливи во масти. Познат уште и како „витамин на младоста и убавината“ бидејќи има неверојатно дејство врз здравјето на кожата. Помага во заштитата од загадувањето на воздухот, UV зрачењето и ја подобрува плодноста. И не само тоа! Продолжете со читање и дознајте ги придобивките од витамин Е, како и најдобрите извори од храната.
Витаминот Е овозможува побрзо заздравување на раните, а заедно со витаминот Ц може да делува и на подобрување на симптомите на егзема. Ја прави кожата да изгледа помлада и помазна, ја штити кожата од сончевите зраци, го спречува настанувањето на темни флеки и ја намалува појавата на акни и брчки.

Ги штити крвните садови и го забавува стареењето
Витаминот Е ги штити структурите на клеточните мембрани од влијанието на слободните радикали, се бори против воспалителните процеси и на тој начин природно го забавува стареењето на клетките. Благодарение на неговиот антиоксидативен ефект и неутрализирањето на слободните радикали, витаминот Е помага во спречување на оксидацијата на холестеролот и истовремено ги штити крвните садови од оштетување.
Може да ве интересира: Д-р Нела Деспотовска советува: Здраво срце и крвни садови гарантираат долг животен век.
Витаминот Е помага за подобрување на плодноста
Овој витамин има значајна улога за правилно функционирање на жлездите со внатрешно лачење, а особено е важен за половите жлезди. Витаминот Е учествува во формирањето на репродуктивните клетки и ја подобрува плодноста и кај двата пола.
Извори и недостаток на витамин Е
Витаминот Е најмногу е застапен во:
- растителните масла
- јаткастите плодови (бадеми, лешници, ореви)
- зеленчукот со зелени листови (спанаќот, блитва)
- житарките и пченичните никулци
- семките од сончоглед и тиква.
Потребата за внес на витамин Е се менува во текот на животот. Возрасните имаат потреба од поголеми количини за разлика од децата. Исто така, потреба од поголеми количини на витамин Е имаат и доилките.
Недостаток на овој витамин ги намалува црвените крвни клетки, што може да предизвика анемија. Хроничниот недостаток на витамин Е може да доведе до оштетување на бубрезите и црниот дроб, дегенерација на репродуктивните органи и мускулна дистрофија.
Додатоци во исхраната со витамин Е кои се достапни кај нас
Од додатоците во исхраната кои се достапни кај нас го препорачуваме витаминот Sun-E™ 400 од Now. Има повеќе полезности меѓу кои:
- ја стабилизира мозочната активност
- го нормализира расположението
- ги зголемува ментални способности
- стимулира раст на коски
- подржува нормално функционирање на срцето.

Каде може да набавите Sun-E™ 400 и како се користи?
Овој додаток во исхраната може да се набави од сите поголеми аптеки или на онлајн продавницата на Тримекс. Се препорачува да се користи 1 капсула дневно со храна. Повеќе информации за витаминот Е Sun-E™ 400 од Now Foods прочитајте на веб страницата на Тримекс.
Совет плус:
За сите дополнителни информации и консултации за Sun-E™ 400, контактирајте ги Тримекс на телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk
Ви предлагаме да прочитате: Храна и витамини кои ја зголемуваат плодноста кај мажите.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.