За што е корисен чајот од дуња и како да го направите

За што е корисен чајот од дуња и како да го направите

Дуњата е вистинска витаминска бомба! Ова овошје е познато по тоа што сите негови делови (плодот, семките, листовите, па дури и влакната или мовот на плодот) имаат лековити својства. Најдобри лековити својства имаат сокот, сирупот и чајот од дунка. А еве за што е корисен чајот од дуња.

Дуњата е богатата со витамини (Ц, Б1, Б2, Б3), минерали (калиум, калциум, магнезиум, бакар, натриум, цинк, манган, железо, хлор и сулфур), протеини, растителни влакна и јаглехидрати. Содржи многу мала количина на масти и калории, па затоа дуњата спаѓа во групата на диетална храна. Амигдалинот (витамин Б17) во семето има моќно антиканцерогено дејство, а танинот, пектинот, шеќерите и јаболковата киселина ја поддржуваат работата на дигестивниот систем. Познато е дека од дуњата ништо не се фрла, бидејќи секој нејзин дел е лек за некоја болест. Во продолжение ви откриваме зошто е корисен чајот од дуња.

За што е корисен чајот од дуња и како да го направите

Чај од семки од дуња

Чајот направен од семки од дуња е одличен лек за несоница, бидејќи ја отстранува напнатоста, ве смирува и заспива. Може да се користи и за отстранување на лошиот здив во устата или за заздравување на изгореници и рани.

Чај од листови од дуња

Овој чај се користи при инфекции на горните дишни патишта. Ги ублажува нападите на кашлање, како и потешките симптоми како што е бронхитисот. Добар избор е за топол напиток при болно грло, а добро делува и при зарипнатост. Чајот од листовите од дуња може да се користи и како седатив против несоница, заедно со чајот од семки од дуња.

Чај од плодот на дуњата

Ефикасен лек за инфекции на горниот респираторен тракт и болки во грлото. Една исчистена дуња, исечкана на парчиња, ставете ја во сад да вари 15-20 минути. Течноста процедете ја, по желба засладете ја со мед и консумирајте по неколку мали голтки во текот на денот.

Ви препорачуваме да прочитате: Кога и каков чај треба да пиете?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: