Вистинска енергетска бомба! Ви го претставуваме рецептот за здрава торта чиј состав е комбинација на зеленчук и јаткасти плодови. Се прави лесно, брзо и без печење. Ќе им се допадне на сите, од најмали до најголеми. Прбајте ја вкусната торта од моркови!
Тортата од моркови е вистинска гастрономска уметност во која со гаранција ќе уживате. Поделете десерт за паметење со семејството и пријателите и уживајте во здравата торта од моркови.

Состојки:
- 7 моркови
- 2 ½ чаша бразилски ореви
- ½ чаша ленено семе (киснето во вода преку ноќ)
- 1 чаша мед
- 1 чаша сув кокос
- 1 чаша суво грозје
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1 лажичка цимет.
За прелив:
- 1 чаша мед
- 1 чаша лешници или бадеми
- 2 лажици сок од лимон
- 1 лажичка екстракт од ванила.
Подготовка:
- Морковите изрендајте ги.
- Сомелете ги бразилските ореви и лененото семе посебно.
- Сувото грозје, екстрактот од ванила, кокосот, циметот и медот ставете ги во блендер во кој може да блендирате без вода. Блендирајте додека да добиете хомогена смеса.
- Додајте ги морковите, бразилските ореви и лененото семе. Измешајте.
- Вака подготвтената смеса ставете ја во калап за торта кој се расклопува и распоредете ја рамномерно. Оставете да стои во фрижидер 1 час. Калапот претходно треба да биде обложен со хартија за печење.
- Состојките за прелив ставете ги во блендер и блендирајте додека да добиете кремаста хомогена смеса.
- После 1 час извадете го калапот од фрижидер. Расклопете го калапот и тортата премачкајте ја со преливот. За декорација може да ставите цели јаткасти плодови.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
Ви препорачуваме да прочитате: Павлова торта.