павлова торта

Павлова торта

Кралица меѓу тортите, популарна низ групите на интернет! Оваа прекрасна павлова торта ни ја приготви Светлана Буровска – активна членка во групата Сѐ за храна. Драги читатели, дел од вас кои нѐ следите во групата знаете дека започнуваме со објавување на ваши рецепти.  

Крцкава белка, надополнета со фил од слатка павлака и многу овошје. Оваа торта е супер избор за летниот период.

павлова торта

Состојки:

  • 6 белки
  • 250 г шеќер во прав
  • 1 лажица јаболков оцет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажица нишесте (густин)
  • прстофат сол.

За декорација:

  • 500 мл слатка павлака
  • 50 г шеќер во прав
  • свежо овошје по избор.

Подготовка:

  1. Најпрво вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.
  2. Во длабок сад ставете ги белките. Матете ги со миксер и постепено додавајте го шеќерот во прав, ванилиниот екстакт, јаболковиот оцет и солта. Штом добиете цврст шлаг додајте го густинот и измешајте со лажица.
  3. Смесата ставете ја во тава обложена со хартија за печење. Во средината направете вдлабнатина. Погледнете на линкот во групата Сѐ за храна како треба да изгледа тортата пред печењето.
  4. Печете ја додека малку се зарумени, околу 10 минути, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и продолжете со печењето уште 15-20 минути. При печењето вкучете го и вентилаторот од рерната. На крај исклучете ја рерната и оставете ја тортата да се излади. Притоа е важно да не ја вадите тортата од рерната.
  5. Во сад ставете ја слатката павлака и додајте 50 г шеќер во прав. Изматете ја во цврст шлаг.
  6. Изладената торта, филовајте ја со слатката павлака и декорирајте ја со свежо овошје по избор. На здравје!

Препорака од авторот:

При подготовката на тортата важно е јајцата (белките) да бидат на собна температура за да може да се изматат во цврст шлаг. Најдобро е да ги извадите од фрижидер 2-3 часа пред подготовката на тортата.

Автор на рецептот: Светлана Буровска.

Ви препорачуваме да прочитате: Едноставен рецепт за популарната чизкејк торта.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: