Кога еднаш ќе ги пробате овие вкусни проја мафини, верувајте дека ќе ви станат омилен појадок. А, тоа што се здрави е мотивација плус што почесто да бидат дел од неделното мени. Може да послужат и како ужина дома или на работа.
Се прават лесно и брзо, па нема потреба да станувате порано за да подготвите појадок за најмилите. Одлични се во комбинација со јогурт, кисело млеко или пак домашен кечап.

Состојки:
- 2 чаши пченкарно брашно
- 1 чаша интегрално брашно
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 1/2 чаша маслиново масло
- 2 јајца
- 1 чаша млеко
- 1 рака тврдо сирење
- малку сол
Подготовка:
- Во длабок сад измешајте ги пченкарното брашно, интегралното брашно и прашокот за печиво.
- Во друг длабок сад изматете ги јајцата со малку сол.
- Во садот со изматените јајца додајте ги млекото и маслиновото масло. Убаво измешајте.
- Сувите состојки додајте ги во садот со течните состојки. Измешајте за состојките да се соединат и да се добие хомогена смеса.
- Сирењете изгмечете го со рака или со виљушка. Додајте го во смесата и измешајте со лажица.
- Калапот за мафини намрсете го со малку маслиново масло.
- Во намрсениот калап ставете од смесата и така додека да се исполнат малку повеќе од половина сите дупки од калапот. Ако претходно тестото ви се лепело на калапот, освен мачкање со масло, може и малку да ставите брашно.
- Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, 10-тина минути, или додека да поруменат.
- Додека се уште топли, мафините извадете ги од калапот и оставете малку да се изладат.
- Може да ги послужите топли или ладни, со јогурт или друг млечен производ по желба. Вкусни се и со домашен кечап.
Ви препорачуваме да прочитате: Посна проја со праз.